19 Декември, 2025
0.0647

ВРАТИТЕ УШТЕ СЕ ОТВОРЕНИ: Нафтата турка кон 50 долари за барел

Објавено во: Економија 22 Април, 2016 13:10

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата го продолжија растот трет ден по ред оваа недела, откако ОПЕК соопшти дека е отворен кон нови повици за замрзнување на производството.

Генералниот секретар на „нафтениот картел“ Абдал Ел-Бадри изјави дека дебатата помеѓу членките на групата за лимитирање на производството на црното злато би можела да оживее и да се продолжат разговорите со нечленките на ОПЕК.

ОПЕК ќе одржи свој нареде полугодишен состанок на 2 јуни оваа година.

Цената на американската „лесна“ нафта WTI за испораки во јуни скокна денес за 54 центи (1,25 одсто) на 43,72 долари за барел, а сверноморската сирова нафта „брент“ исто така за достава во јуни зајакна 49 центи (1,10 одсто) на 45,02 долари.

Нафтата WTI поскапе за осум одсто , а брент за 4,5 проценти во однос на цената на затворањето на тргувањето минатиот петок.

Наголемо промовиран минатонеделниот состанок во Доха пропадна бидејќи водечкиот произведувач на нафта , Саудиска Арабија, се повлече од договорот поради одбивањето на регионалниот ривал, Иран, да се придружи кон ограничување на производството.

Техеран соопшти дека и понатаму е во процес подигањето на производството после укинувањето на западните санкции во јануари, воведени претходно поради нуклеарниот програм на Техеран.

Иако цените на нафтата паднаа веднаш по неуспехот на самитот на нафташите во Доха, тие оваа недела скокнаа благодарение на падот на американското производство, штрајкот на работниците во нафтениот сектор во Кувајт и знаците за опоравување на клучниот кинески пазар.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?