„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2024
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по информациите дека Македонија и Албанија се раздвојуваат на патот кон ЕУ, вели дека ние мора да останеме посветени на реформите, а оти од надворешнополитичка гледна точка ќе ја продолжиме комуникацијата и со нашите стратешки партнери и со земјите членки на ЕУ – да ги убедиме дека сакаме побргу да се отворат пристапните преговори.
- Тоа е наш клучен приоритет, но бараме воспоставување на систем преку кој што ќе има предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство - изјави во интервју за МИА.
Запрашан како ги коментира информациите од Брисел дека доколку до Нова година нема уставни измени, ќе прекинат разговорите за наше членство во ЕУ, министерот за надворешни работи вели дека се сомнева дека такво нешто ќе се случи.
- Не сакам да верувам на брифинзи. Сакам да верувам на она што го зборуваме и со политичките претставници на земјите – членки, но и со претставниците на ЕУ, а тоа е дека ЕУ останува посветена на Западниот Балкан, дека сака целосна интеграција на Западниот Балкан и од таа гледна точка познавајќи ја и суштината на политиката за проширување како композитна политика на ЕУ се сомневам дека ќе дојде до прекин на какви било разговори со државата - рече Муцунски.
Министерот рече дека нема да ги коментира изјавите на бугарските политичари од деновиве, а за декларацијата рече дека секогаш кога има избори во Бугарија се носи некаква декларација.
- Нема да им ја дадам таа привилегија да навлезам во секојдневниот дискурс на таа кампања, а посакувам поуспешен завршеток на кампања. Да имаме политичка влада, ќе повторам, која со целосен политички легитимитет ќе разговара со нас за сите отворени прашања, бидејќи колку што нас не засега ова закочување на европските процеси верувам дека тие што автентично вруваат во Европската иднина и на Бугарија, сакаат да се одблокира тој процес за заеднички да се движиме напред по исти патишта, рече Муцунски.
Министре кои ќе бидат следните чекори на македонската дипломатија по раздвојувањето на Македонија и на Албанија на патот на Европската унија?
- Прво, мораме да останеме посветни на она што ни е обврска, да останеме посветени на реформи кои се потребни за побрзо државата да чекори кон патот на полноправно членство во Европската унија. Тоа се примарно критериуми кои ни се јасно познати и потврдени преку копенхагеншките и мадридските критериуми. И од таа гледна точка ќе бидеме насочени кон домашните реформи, кон сето она што ни е потребно за доближување кон највисоките стандарди на ЕУ, а од надворешнополитичка гледна точка ќе ја продолжиме комуникацијата и со нашите стратешки партнери и со земјите членки на ЕУ - да ги убедиме дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори. Тоа е наш приоритет, но бараме воспоставување на систем преку кој што ќе има предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство. Земјаќи во предвид колку во актуелниот геополитички контекст е значајно да се движи напред процесот на проширување верувам дека ќе има разбирање од земјите членки и од нашите стратешки партнери и заеднички ќе најдеме компромисно решение кое што ги обезбедува тие гаранции за којшто подолго време зборуваме.
Како ги коментарите дипломатските брифинзи од Брисел дека ако Македонија не ги направи уставните измени до крајот на годинава ќе прекинат разговорите за преговори за ЕУ?
Се сомневам дека такво нешто ќе се случи. Не сакам да верувам на брифинзи, сакам да верувам на она што го зборуваме и со политичките претставници на земјите – членки, но и со претставниците на Европската унија, а тоа е дека ЕУ останува посветена на Западниот Балкан, дека сака целосна интеграција на Западниот Балкан и од таа гледна точка познавајќи ја и суштината на политиката за проширување како композитна политика на ЕУ се сомневам дека ќе дојде до прекин на какви било разговори со државата. Имаме процес којшто треба да го придвижиме напред. Да, треба да се бара компромис, но компромис во којшто ќе бидеме сигурни дека нема да имаме дополнителни нарушувања на идентитетските обележја на македонскиот народ.
Унгарскиот премиер предложи да посредува во разговорите меѓу Македонија и Бугарија. Дали за нас е прифатлив таков начин на посредување?
Прво што е значајно е што Унгарија претседава со ЕУ и тоа не е факт што треба да се потцени бидејќи претседавачот има одреден политички авторитет насочен кон остварување на целите на претседавањето, а една од целите на претседавањето на Унгарија е и нешто опипливо да се постигне од гледна точка на проширувањето кон Западниот Балкан.Секоја од земјите членки која смета дека може да даде проективен импут за изнаоѓање на решение го сметаме како позитивен гест, бидејќи на крајот нели самата одлука треба да се донесе со консензус на земјите – членки. Нормално е посебно земјите членки кои се географски поблиску до регионот да го имаат најголемиот интерес, како што нормална политичка пракса е директните соседи да сакаат да го поспешуваат твојот пат кон полноправно членство наместо да бидат пречка. Имаше денес и коментари кои вие ги споменавте и насочени кон претседателот на Владата, кон мене итн., и сметам дека е незрело да влегуваме во секојдневниот политички дискурс кој што е дел од активна кампања во Бугарија.
Бугарското Собрание повторно донесе Декларација. Како вие ќе одговорите на засилувањата на условувањата кон нашата земја и македонскиот народ?
Секој пат кога се распишуваат избори во Бугарија има декаларација поврзана со македонското прашање. Ова се претвора во пракса. Има и провокации насочени ќе повторам примарно кон премиерот, а второстепно и кон мене. Најголемата желба на политичарите во Бугарија е да се симнеме на тоа ниво, за повеќе да го експлоатираат ова прашање во кампањата и да ја претворат кампањата во кампања за македонското прашање. Ние треба ги заштитиме нашите интереси и да го правиме тоа на еден позитивен и цивилизиран начин. Ја искористивме културната дипломатија како алатка, образовната дипломатија ќе ја користиме, економската дипломатија ќе ја користиме, но ќе си ги штитиме и нашите интереси. Тоа значи нема да бидеме попустливи и истовремено ќе градиме мостови. Нема да им ја дадам таа привилегија да навлезам во секојдневниот дискурс на таа кампања, посакувам успешен завршеток на кампања. Да имаме политичка влада која со целосен политички легитимитет ќе разговара со нас за сите отворени прашања, бидејќи колку што нас не засега ова закочување на европските процеси верувам дека тие што автентично вруваат во Европската иднина и на Бугарија, сакаат да се одблокира тој процес за заеднички да се движиме напред по исти патишта.
Дел од нашите дипломатско конзуларни претставништва во светот се испразнети. Некои ги дополнувате со привремен кадар. Кога се планирам назначување на нови амбасадори и каде би било тоа најбрзо?
Кога ги наследивме состојбите видовме дека има една несоодветна распределба на кадарот во Министерството за надворешни работи по нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Најкласичен пример е што имаме само двајца дипломати во нашата амбасада во Вашингтон, земја која е наш стратешки партнер, негуваме одлични односи не само во политиката туку и во делот на одбранбената и безбедносната политика, во делот на економијата, вклучително ова е и држава каде што имаме и голема дијаспора. Во таа насока ние сега правиме план за распределба на дипломати внатре од МНР кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва, а имам начелна согласност и со претседателката и со претседателот на Владата дека по моето враќање од ова патување во САД ќе го отпочнеме процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати каде што се испразнети или наскоро ќе бидат испразнети.
Кои места се приоритет?
Немаме ние амбасада или конзулат кој не ни е приоритет. Точно е нашата мрежа не е огромна, имам средна, веројатно и соодветна дипломатска мрежа на ДКП, но не смееме да оставаме ниедно ДКП празно бидејќи статусот на ДКП-то кога има амбасадор или генерален конзул е помоќен отколку ако има само вршител на должност. Секако би издвоил дека ние се уште немаме амбасадор во Париз, Франција е значајна земја. Како што знаете, испразнета ни е постојаната мисија со враќањето на амбасадорот Фрчкоски, испразнета ни е и позицијата во ОН, но ќе повторам нема земја која што не ни е значајна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.