15 Декември, 2025
0.0506

ВРЕМЕ Е ГЛАСОТ НА НАРОДОТ ДА БИДЕ СТАВЕН ВО ЦЕНТАРОТ: Мециновиќ од Левица најави иницијатива за измени на Изборниот законик

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 12:50

Добивај вести на Viber

Искуствата од последниот изборен процес уште еднаш ја потврдија потребата од темелни, а не козметички измени во Изборниот законик, укажа денеска на прес-конференцијата, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ. 

Според него, хроничните слабости во системот со години се провлекуваат од избори во избори, а секој нов циклус само ги нагласува пропустите. 

- Ова не е закон за партиите, туку е закон за граѓаните - рече Мециновиќ, потенцирајќи дека изборните правила ја обликуваат највисоката демократска алатка: правото да се избира и да се биде избран.

Како член на Комисијата за политички систем, Мециновиќ најави иницијатива за организирање јавна расправа која мора да ги вклучи сите релевантни општествени чинители: граѓанскиот сектор, академската заедница, медиумите и меѓународните мисии како ОБСЕ, кои со години укажуваат на проблеми во изборната рамка. 

Тој се осврна и на случаите на непропорционални услови за кандидатите, нотирани и во извештаите на ОБСЕ, особено во делот на платеното политичко рекламирање, каде што малициозното толкување на одредби доведе до сериозна неправичност.

Во услови на длабока поларизација и блокада на опозициски предлози, Мециновиќ истакна дека Собранието мора навремено да ги отвори прашањата поврзани со изборната регулатива, наместо повторно да се носат ад хок решенија непосредно пред избори. Потребни се јасни правила, реформа на изборната единица, фер формули за рекламирање и стабилен изборен систем кој нема да дозволи десетици илјади гласови да пропаѓаат. 

- Време е гласот на граѓаните да биде ставен во центарот - порача Мециновиќ, најавувајќи дека Левица ќе ја иницира дебатата и ќе учествува во сите работни тела за суштински реформи на изборниот процес.





Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“