18 Декември, 2025
0.0538

Време е за дивиденда! Што да очекуваме од „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2023 13:25

Добивај вести на Viber

Катализатор на позитивното расположение кај инвеститорите е тоа што „се шушка“ дека „Комерцијална банка“ (за работењето во 2022 година) ќе ја исплати највисоката дивиденда до сега... Овие триесетина дена ќе биде интересно

Расте возбудата во македонската инвеститорска заедница! Најдоцна до 24 февруари „Комерцијална банка“ ќе ги објави предлог-точките за следното редовно акционерско собрание. Најголема љубопитност предизвикува предлогот за дивиденда на обичната акција на „Комерцијална банка“:

Веќе берзанскиот барометар јасно и недвосмислено ги покажа очекувањата на нашата инвеститорска јавност за ова прашање. Цената на акцијата на „Комерцијална банка“ во последните десетина трговски дена порасна за 1.000 денари. Тоа е повеќе од јасен показател дека акционерите и инвеститорите чекаат добри вести.

„Фактор“ неофицијално дознава, од извори во високото раководство на најголемата македонска банка, дека дивидендата за 2022 година ќе биде повисока од приносот за претходната 2021 година.

Во јавноста се подгреваат очекувањата дека нето износот на дивиденда може да изнесува и 11 евра по акција, што всушност и било таргет на некои од покрипните акционери во банката.

Сепак оваа информација е неофицијална и за неа потврда или демант ќе дојде во деновите од 20 до 24 февруари кога предлог-одлуките за акционерското собрание ќе бидат достапни за целата јавност.

Секако дека во значајна мерка очекувањата на инвеститорите ги подгреваат одличните резултати кои банката ги постигна во првите девет месеци година, а кои имаат континуитет и во последниот квартал, наведуваат нашите извори од банката.

„Комерцијална банка“ е најтргуваната акција на Македонската берза, а заедно со „Алкалоид“ се најликвидни акции и хартии од вредност во кои најмногу веруваат акционерите и инвеститорите.

 Повеќе детали за последните официјални резултати на „Комерцијална банка“ може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/dijazepam-za-akcioneri-i-trejderi-kolkava-dobivka-napravi-komercijalna-banka-za-devet-meseci

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје