ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе се погоди ли времето за Велигденско уживање по надвор?
Објавено во: Македонија 07 Април, 2018
Велигденските празници пристигнаа а ако се водиме од реченицата дека по утрото денот се познава, тогаш денеска не очекува навистина облачен ден.
Метеоролозите најавија воглавно сув ден во кој облачноста ќе зема замав.
Слаби локални врнежи се реткост, но можни кво крајниот исток.
Релативно висока утринска температура и за денеска додека дневната максимална ќе ќе биде под 20°С, односно некаде помеѓу 10°С и 14°С во котлините во северниот и западниот регион, односно помеѓу 14°С и 18°С во југоисточниот крај.
Утрешнот ден или прв ден од Велигден ќе биде поволен за уживање со пријатели и домашните по надвор.
Прогнозата ветува сончева недела со дневна температува од 15 °С во котлините па до 19°С и 23°С ширум земјава.
Топло време ќе имаме и во понеделник, слично како најавата за недела.