16 Јануари, 2025
0.0281

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

Објавено во: Економија 14 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Предметот во кој Апелација пресуди Телеком да плати 4 милиони евра оштета на фирмата „Фокуснет“ од Штип, ќе го разгледува и Врховниот суд. Предметот е веќе поднесен и во следниот период, согласно редовната динамика на работа на ова судско тело, се очекува истиот да биде разгледан и Врховен да донесе одлука. За истиот предмет предистражна постапка отвори и Основното јавно обвинителство. Откако беше донесена пресуда на Апелација според која Телеком треба да плати 4 милиони евра оштета, Владата како акционер во компанијата беше информирана за случајот и за начинот на кој била донесена оваа одлука. 

На неодамнешниот брифинг со новинарите во Обвинителството за предметот беше истакнато дека истиот е заведен во републичкото јавно обвинителство по допис од Министерството за транспорт и врски. Дополнително прибавен е извештај од Судскиот совет бидејќи имало претставка. Предметот е во фаза во која е донесена мерка  со која е спречено да настанат штетни последици, истакнаа од Обвинителството. 

Се очекува постапката да добие и разрешница во Републичкиот судски совет, кој вчера избра нови членови, судиите Данка Ристова и Аритон Ала. Имено, Републичкиот судски совет веќе констатираше низа незаконитости во постапката меѓу кои и дека бил потпишан записник и пресуда без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата на Апелација со која се преиначува првостепената одлука, била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка. Покрај претставките од Телеком, претставка за овој случај поднесе и претседателката на Апелација Мери Дика Георгиевска. 

Фирмата во чија корист пресуди Апелација имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година. Договорот  бил раскинат од Телеком поради неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа започна долг судски спор пред првостепениот Граѓански суд во Скопје, кој минатата година пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана непосредно по донесувањето на пресудата на Апелациониот суд. Фирмата не дала ниту доказ за број на претплатници, инвестиции и слично. Во дописот до Владата од страна на Телеком се укажува и на тоа дека во пресудата се споменуваат документи на Телеком кои воопшто не биле дел од постапката, а дел од правниот тим на штипската фирма е и лице кое до 2015 година работело во Телеком во секторот за правни работи. 

Во медиумите реагираше и „Фокуснет“. Според нив, сите инстанци, со исклучок на Основниот граѓански суд Скопје, и сите вештачења покажале дека во 2002 година компанијата била истисната од пазарот на интернет провајдери благодарение на монополската позиција на Македонски Телеком што било основ тие да покренат судска постапка која трае повеќе од 20 години. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја