Врњачка бања: Мостот на љубовта со најдолга традиција
Објавено во: Стил 22 Мај, 2014 12:35
И оние кои никогаш не биле во Врњачка Бања сигурно слушнале за „Мостот на љубовта“, еден од 32-та моста кои ги има на Врњачка и Липовачка река, за чија ограда заљубените закачуваат катанци, како влог за нераскинлива врска.
Мостот некогаш одамна било омилено место на учителката Нада и војникот Релје. На тоа место ги среќавале и им се восхитувале на љубовта. Со доаѓањето на војните и новите страдања, легендата е заборавена, се додека Десанка Максимовиќ не слушнала за оваа приказна од мештаните на Бања.
Инспирирана од тажната приказна, ја напишала една од нејзините љубовни песни „Молитва за љубовта“ и така ја сочувала легендата од заборавот. Оваа песна и заљубените парови, кои ги заклучуваат катанците на мостот, ги чуваат спомените на Нада и Релје и една голема љубов која завршила не баш убаво, ама е вредна за паметење.
„Њу Јорк тајмс“ во текстот „Љубовните треперења на мостовите во Париз“, ја споменува Врњачка Бања и „Мостот на љубовта“ кој има најдолга традиција.
Денес на „Мостот на љубовта“ во Врњачка Бања, заљубените парови со желба да ја зачуваат нивната љубов, на катанци ги испишуваат имињата и заклучуваат катанец за оградата на мостот а клучот го фрлаат во реката, со надеж дека нивната љубов ќе биде вечна.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





