25 Април, 2024
0.0270

Врвниот научник Д-р Љупчо Проданов: Ќе се вакцинирам со која било вакцина достапна во моментот на мојот термин

Објавено во: Стил 05 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Врвниот научник, Д-р Љупчо Проданов, раководител на Одделот за имунологија во глобалната биофармацевска компанија UCB во Велика Британија и во Ирска, во интервју за Женски магазин, вели дека придобивките од вакцините го надминуват многукратно ризикот од самиот Ковид вирус или самата вакцина врз дадена популација. 

-Ќе се вакцинирам со било која вакцина достапна во моментот на мојот термин, за да придонесам кон придобивање на групен имунитет од барем 80% кон којшто стремиме во Велика Британија. Според британските епидемиолози кои работат во Координативното тело на владата, целта на масовната вакцинација во Велика Британија е да се намали трансмисијата, смртноста и хоспитализацијата од Ковид и да го го доведе на ниво на грип. Како општество ќе треба да прифатиме дека вакцините не се 100% ефикасни, не ја спречуват 100% трансмисијата на Ковид, не ја спречуваат хоспитилизацијата, но сепак го намалуват значително приемот на заразени во болниците и се решение , а не проблем. За жал, ќе има луѓе што ќе починат од компликации на Ковид и покрај тоа што се вакцинирани, но сите се надеваме дека тие бројки ќе бидат мали.

Истовремено, нагласува дека во многу држави низ светот за вакцините, за жал, се уште се гледа со скепса наместо на решение, потенцирајќи дека тоа е поради лошите политички одлуки и немање на стратегија во борбата против лажните вести. 

-Многу од светските епидемилози потврдија дека Ковид не е пандемија веќе подолго време, а за жал стана ендемија. Што значи тоа? Тоа значи дека вирусот нема да изчезне во скоро време и ќе продолжи да циркулира во човечката популација уште долго време. Колку време, зависи од тоа како вирусот мутира и колку човештвото ќе се справи со производство на вакцини, но и колку брзо ќе реализираме успешни вакцинации ширум светот, за да не му дозволиме на вирусот да мутира.Гледајќи ги сегашните резултати од вакцините во Велика Британија, не го разбирам проблемот околу примање вакцини. Оние поединци, лекари и политичари што се против вакцини, треба да објаснат какви решенија нудат за намалување на ризиците што Ковид ги прави по нашето здравје и штетата што ја причинува врз нашиот ментален и социјален живот, да разберат дека Ковид вирусот нема да изчезне во скоро време и да предложат нови подобри решенија наместо да ги критикуват сегашните, поврзани со развојот на вакцините. Кина и Индија ќе играат огромна улога во вакциницијата ширум светот, особено на најголемиот контитнет по бројност - Азија.


* Како да се стекне имунитетет против вирусот?

- Бидејки Ковид е ендемија, секој од нас ќе има две опции да добива имунитет во годините што ни предстојат. Првата опција е да добива имунитет по природен пат односно да се зарази со Ковид. Имунитет, за кој веќе имаме многу научни сознанија и резултати дека се губи со тек на времето, особено кај повозрасното население и имунитет што не помага против некои од новите варијанти. Ќе оставам на читателите да анализираат како еден голем милионски град како Манаус во Бразил, за коишто се пресмета дека 75% од населнието имаше антитела после првиот бран и се сметаше за единствениот град со групен имунитет во светот, за само шест месеци подоцна, новата бразилска варијанта им ги наполни повторно болниците, заразувајќи илјадници луѓе што веќе го поминаа Ковид вирусот. Оставам на читателите да размислат повеќе за тоа колку трае еден имунитет од прележан Ковид и што овој податок значи за борбата со пандемијата во иднина. Втората опција е да се добие имунитет преку вакцина. Досега има 11 одобрени вакцини ширум светот и има уште 20 кандидати на вакцини во завршна клиничка фаза 3, чиишто резултати и одобрувања се очекуват оваа година. За догодина има уште нови 30 кандидати. Моментално, според центрите каде што се води статистика за број на вакцинирани луѓе ширум светот како што е “The London School of Hygiene & Tropical Medicine” се приближуваме кон бројката од 500 милиони луѓе вакцинирани ширум светот со 11 достапни одобрени вакцини. Мое мислење е дека резултатите ширум светот се крајно охрабрувачки. 

Целото интервју со овој импресивен научник на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган