ВУЧЕВИЌ: На Курти му се привидува српска војска
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2024 17:53
Српските власти му одговорија на косовскиот премиер Албин Курти кој денеска обвини дека српска војска имало близу границата со Косово. Рече дека на Курти му се привидува српска војска.
„Го почитуваме воено-техничкиот договор од Куманово, се разбира и разбирајќи ја суштината на резолуцијата 1244“, рече српскиот премиер Милош Вучевиќ.
Вели дек војската на Србија секојдневно е во контакт со командата на КФОР, дури имаат и заеднички патроли.
„Албин Курти постојано гледа некои активности на Советот за безбедност, со што се обидува дополнително да ја подигне тензијата и од страна да го прикрие она што го прави, што доведува до огорченост. Војската на Србија ги извршува своите редовни задачи. Нема дополнителни активности, ништо не подготвуваме, не правиме ништо што може да доведе до влошување на состојбата на терен. Напротив, многу сме мирни и трпеливи, страдаме повеќе од кој било, затоа што сакаме да го зачуваме мирот. А што ќе подготви Курти – видиме утре“, изјави премиерот Вучевиќ.
Курти ја обвини Србија за провокација.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




