Вучиќ, алал да ти е човече, Македонка воодушевена во Врање: Сега вакцинација таму и без закажување
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2021 13:53
Нема потреба од закажување, доволно е да се дојде со лична карта, РТС јави дека за Македонците достапно е вакцинирање во Врање без термини. Таму и викендов имаше нашинци кои заминаа да примат први дози од вакцините против Ковид-19, а според информациите од Србија во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија.
„Немаме закажано, само што дојдовме, не примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави за РТС на македонски јазик една жена.
Од Македонија доаѓале претежно млади луѓе кои подоцна би дошле на ред овде.
-Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.
Таа додаде дека има доволно вакцини и дека се аплицираат вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.
Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До вчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.
Во четвртокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија, но српската влада, како што беше случајот со државјаните на БИХ се уште нема донесено одлука за бесплатна вакцинација на македонските државјани.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




