17 Декември, 2025
0.0632

Вучиќ избра нов министер за финансии

Објавено во: Балкан 21 Јули, 2014 11:09

Добивај вести на Viber

Душан Вујовиќ ќе биде нов српски министер за финансии, одлучи премиерот Александар Вучиќ. Вујовиќ досега беше министер за економија, па сега ќе се бара нов прв човек на овој ресор, објави Вучиќ. По оставката на Лазар Крстиќ на позицијата министер за финансии, Вујовиќ го покриваше и овој ресор, а сега во целост го презема. Крстиќ неодамна си поднесе оставка, поради несогласувањата со премиерот Александар Вучиќ за мерките за штедење што мора да ги преземе Србија. Крстиќ бараше големи кратења и силни рестрикции на трошоците, како и 160.000 отпуштања од јавниот сектор, додека Вучиќ не беше спремен на ваков чекор. Српскиот премиер сега најавува дека пред 4 август, кога истекуваат 100 дена од мандатот на овој состав на српската Влада, ќе има многу смени на директори на јавни претпријатија. „За нас е најважна реформата на јавните претпријатија и таму каде доцневме во првите сто дена ќе одработиме, ќе има смени на директори на многу фирми и тоа пред 4. август“, рече Вучиќ, додавајќи оти директорите ќе бидат избрани на конкурс.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни