ВУЧИЌ НАМЕСТО ВО МОСКВА СЛЕТА ВО БАКУ – АВИОНОТ Е ПРИЗЕМЈЕН ЗАРАДИ БОРБЕНИ ДЕЈСТВИЈА: Се чека одобрение за продолжување на летот
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2025 14:04
Авионот што го превезуваше српскиот
претседател Александар Вучиќ во Москва за да присуствува на прославата на Денот
на победата е во Баку и во моментов не може да го продолжи своето патување до
Москва, бидејќи нема дозвола поради борбените операции меѓу Русија и Украина.
Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради борбени операции, јавува репортер на Танјуг.
Се чека одобрение за продолжување на летот. Во овој момент, московските аеродроми се исто така затворени. Во изминатите неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
Претходно беше објавено и дека е планирана билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, што беше објавено и од Кремљ.
Пред два дена, рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерални разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ на 9. мај.
„Планиран е разговор меѓу Владимир Путин и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, рече Ушако.
Ушаков изјави дека, покрај билатералните прашања, двајцата претседатели ќе разговараат и за ситуацијата на Западен Балкан.
На 9 мај, Москва ќе одржи Парада на победата по повод 80-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна, а Ушаков рече дека на парадата ќе присуствуваат 29 странски лидери, вклучувајќи ги лидерите на Кина, Бразил, Србија, Словачка, Египет, Венецуела, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан, пренесува РИА Новости.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





