Вучиќ: Странска служба го бараше Коста од Србија, еден ден по масовното убиство во „Рибникар“
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2025 13:22
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостувањето на ТВ Пинк изјави дека претставник на странска држава побарал да им биде предаден Коста Кецмановиќ еден ден откако малолетникот изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“.
Вучиќ сепак не кажа кој бил мотивот кај странската служба тоа да го побара од Србија, но евидентно е дека изјавата е дадена во политички контекст.
- Рибникар го привлече вниманието на странците и во однос на неговиот однос кон убиецот. Бев присутен, во мојата канцеларија ден потоа побараа да им го дадеме момчето убиец. Тоа не ми е доволен доказ, но велам дека ден после Рибникар нема да можеш да казниш млад малолетник, остави го на нас, јас го одбив тоа, одбив да зборувам на таа тема, знам што тоа би било неправда за семејствата на убиените. Ова го побара од нас претставник на странска држава и странска служба, рече меѓудругото српскиот претседател.
Инаку од пред неколку дена родителите Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ се осудени на 14 години и 5 месеци затвор, односно на 3 години.Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




