ВУЧИЌ ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што вели за Македонија?
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2024 07:02
Српскиот претседател Александар Вучиќ предвидува дека по Украина балканските држави ќе станат членки на Европската Унија(ЕУ).
Вучиќ изјави вчера дека не верува дека земјите-кандидати од регионот ќе станат членки на ЕУ пред 2030 година, додавајќи дека до таа година Украина ќе биде првата следна земја што ќе влезе во Унијата, јави дописникот на МИА од Белград. Српскиот претседател вели дека ако Бугарија дозволи, Македонија ќе биде дел од ЕУ.
„Потоа, верувам дека Србија, Албанија, Црна Гора и се надевам, ако Бугарите и дозволат на (Северна) Македонија да се приклучи, верувам дека и тие ќе се приклучат, но откако Украина се приклучи. Тоа е она што верувам, ќе видиме дали сум во право или не“, рече Вучиќ на панелот „Пристапување на Западен Балкан во ЕУ“ организиран како дел од Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага.
Тој оцени дека интересите на ЕУ одвреме-навреме се разликуваат од српските.
foto EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




