06 Декември, 2025
0.0254

Вучиќ вели дека некој сака да ги вовлече во конфликт

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2021 18:38

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со косовските Срби во Рашка изјави дека некој сака да ги вовлече во конфликт. 

Кажа дека што и да се случи, Белгард и Србија ќе застанат зад својот народ на Косово. 

Состанокот се одвиваше во локалната касарна и на него присуствуваа претставници на политичката партија во северно Косово и жители од српска националност. 

„Се плашам дека има некој кој е потполно нерационален во Приштина, имаме и некои злонамерни во меѓународната заедница, кои искрено сакаат немири овде. Некој сака да не навлече во конфликт“, вели Вучиќ. 

Претседателот на Српска листа Горан Ракиќ,  изјави дека доколку следен пат се случи нешто слично, ќе следува општ отпор од српскиот народ.

Пртеходно премиерката  Ана Брнабиќ ги повика НАТО и КФОР итно да реагираат на Косово и како што додаде „да го скротат премиерот на Косовo Албин Курти“. По  денешните инциденти во Северна Митровица и Звечан има најмалку шест полицајци со телесни повреди, десетина граѓани на Северна Митровица кои побарале лекарска помош и осумина приведени. Косовската полиција тврди дека полициската акција била за спречување на шверц.

Се појави видео на кое се гледа како косовската специјална единица РОСУ упаѓа во аптека и фрла шок бомба. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа