Вулкан исфрли пепел - облакот се прошири на 70 км
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2018
Вулканот Кључевскаја Сопка на Камчатка исфрли пепел на висина од 6,5 км над нивото на морето, објави Геофизичкиот оддел на Руската академија на науките.
„Вулканот Кључевскаја Сопка исфрли пепел на 6,5 километри над нивото на морето, а облакот од пепел се прошири 70 километри северозападно од вулканот“- додаваат од одделот.
Руско Министерство за вонредни состојби за регионот Камчатка објави дека пепелта не паднала на околните населени места.
Ова е најголем вулкан во Евроазија. Toj се активираше пред неколку дена.Беше издадено портокалово предупредување за авионите.
Вулканот Кључевскаја Сопка е висок 4.750 метри.