28 Март, 2024
0.0377

WECE Војна

Објавено во: Колумни 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Терминот WECE го користам за да помирисате троа за каков тип на војна се спрема светов деновиве, а од друга страна и да го опишам нејзиниот карактер. Се работи за војна за оружје и енергетски ресурси, за валутно-берзанска војна и за финансиските последици кои може да произлезат од неа.  Weapons-Energy-Currency-Exchange’s War.

Енергијата била многу значајна суровина одсекогаш, а особено во последно време. Русија е позиционирана како богата со енергенси нација, особено со гас и Русија е водечка земја извозник на гас , во светот, а особено во Европа каде учествува со 40%. Како што САД им помага на земјите во развој со економско-политичка поддршка со кредити, субвениции и позајмици, така Русија ги топли во зимските денови граѓаните на Европа и ги штити од студот. Енергијата е исто како тврдатакеш валута,  дури и повредна затоа што некој и да Ви даде кеш, ако немате кој да Ви продаде гас, нафта, или било која друга дефицитарна а животно неопходна намирница џабе Ви се парите, кога нема да можете никаде да да ја купите. Енергетската доминатност на Русија особено во источната хемисфера и овозможи на нацијата да набилда големи богатства, кои и користат на земјата преку својата енергетска доминатност, да купуваат ресурси поврзани со енергијата и да ја билдаат својата моќ.  Русија сака да ја задржи оваа доминација.

Голем конкурент на Русија на полето на дистрибуција на гасот е Катар, најголемиот светски извозник на течен природен гас. Катар е сојузник на САД. Исто така и Турција, која отворено лобира за воена интервенција во Сирија. За да се намали зависноста на Европа од природниот руски гас , односно да се диверзификува зависноста , треба да се донесе гасот од Катар до Турција, а потоа преку нафтоводот Набуко-запад до Австрија и цела Западна Европа. Ова е најисплатлива и најефтина опција. Единствена пречка е што тој гасовод за да дојде од Катар до Турција треба да помине или низ Иран или низ Сирија. Ви текнуе? Во моментов двете земји се анти-американски расположени и додека се на власт лидерите кои ја водат нивната политика ова сценарио не е остварливо. Но,доколку има промена на власта во Сирија особено ако таа власт биде прозападно расположена, пречките ќе ги снема. На Русите пак ова не им одговара. Тие би сакале да ја задржат енергетската доминација.

A Берзите? Берзите во просек веќе паднаа од 5 до 10% од почетокот на вестите и најавите за воена интервенција од пред месец-два. Особено кај несуштинските индустрии (текстил, луксузни стоки, автомобили, хотели и слично,  како и авионските компании, финансиите, информационата технологија.

Од друга страна на берзите забележлив е порастот на цената на нафтата и на златото, доларот малку закрепна, оваа недела откако се стишаа аргументите за војната се врати малку надолу но сеуште е на повисоко ниво од она од пред 3-4 недели,  швајцарецот и јенот останаа на исти нивоа односно ја задржаа вредноста и барем не го продолжија опаѓачкиот тренд кој го имаат оваа година. Значи ако купевте од овие валути пред 1 месец инвестицијата ќе Ви беше во блага позитива или ќе го имавте задржано капиталот на истото ниво што немаше да биде случај ако парите Ви беа вложени  во гореспоменатите акции. Затоа е добро да се има диверзификувано портфолио и дел од него да се чува во тврда валута особено затоа што на него нема голем каматен и кредитен ризик како што е случај со јавниот долг. Ова портфолио можеби  нема да Ви донесе претеран принос, но барем нема да го изгубите капиталот што би било случај доколку инвестициите ви се во акции на Берзите кои се тресат пред најавите за војна.  На берзите релативно се позитивни вестите за акциите на златоносните рудници, нафтените компании, енергетските компании поврзани со природни ресурси, нафта и слично.

Ова се вообичаени текови кои се случуваат при секоја воена глобална светска криза. Дојче банка има направено анализа на 12 конфликти во последните 30 години и во најголем број случаи во перидот од 1 до 3 месеци пред отпочнување на кризитезабележлив е падот на цените на берзите. Но внимавајте,  тоа трае до моментот на стартот на воената интервенција. Анализите покажуваат дека по денот на интервенцијата и на отпочнување на војните се случуваат инверзни движења на пазарите во споредба со претходниот период поминат во исчекување и берзите веднаш после почетокот на војните операции бргу заживуваат иако кризите може да траат со денови и месеци. Притоа цените на акциите тогаш растат со поголем интензитет споредено со падот на цените кој се забележува неколку месеци пред почетокот на интервенцијата. За да најдобро ја одсликам оваа пазарна логика која се повторува многупати низ историјатаво случај на војни ќе ја повторам познатата изрека на Натан Ротшилд еден од основачите на кралската банкарска династија Ротшилд за инвестирање во воени услови која гласи: “Купувајте со гласот на топовите, а продавајте со гласот на победничките труби”.

На крајот треба ли да стравуваме од оваа криза во Сирија? Песимистичкото сценарио вели дека по американскиот напад, може да следи руски контра напад или пак да русите спроведат“енергетски” напад преку кратење на енергетските ресурси за Европа, а задно со Кина, Бразил и другите сојузници може да направат и валутен напад преку менување на своите девизни резерви кои моментно се во американски долари што би го поткопало доларот како светска резервна валута и би направило валутен шок на финансиските пазари. Да не споменам дека Иран може исто така да придонесе да се активира третата светска војна? Може ли светот да ја издржи кумулацијата на сите овие несакани ефекти?

Сепак мислам дека ова нема да се случи. Американската и Руската нација се најверојатно најголемите нации во светот кои ја задолжиле човечката цивилизација со безброј придобивки. Тие се наши сојузници и пријатели. Нации создадени од генетски коктел измиксан од најдобрите гени на западната и источната цивилизација. И покрај одредени, низ историјата,  погрешни локални војни за доминација тоа не се кукавички народи, туку нации кои многупати во историјата знаеле во време на светски кризи да застанат на вистинската страна во борбата на доброто против злото. Да не беше така многупати досега имаа шанси , особено во периодот на студената војна, да ги стиснат црвените копчиња, да отпочнат нуклеарни војни и да ја збришат цивилизацијата. И овој пат ќе ја одберат вистинската страна.

Затоа камаради и џентлмени оладете малку. Не е се во парите и моќта ,барем нив сега ги имате во изобилство. А луѓето? Тие многупати низ историјата си дале автогол, затоа што помеѓу доброто и злото, помеѓу Исус и Барабас, се определуваат да ги поддржат“барабите”. Дарко Стојкоски авторот е член на Извршен Одбор на АЦИ Македонија – Здружение на Финансиски пазари

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?