За 1000 евра бил купен „Русокосиот ангел“?
Објавено во: Стил
22 Октомври, 2013 21:41
Добивај вести на Viber
Русокосиот ангел, девојчето кое пред неколку дена беше најдено во ромски камп во градот Фарсале, во централна Грција според соседи на двојката која го чувала, било купено за 1.000 евра. Сепак, ваквите тврдења ги одрекуваат останатите Роми од кампот, кои велат дека ниту продаваат, ниту пак купуваат туку доволни им се нивните, објавија грчките медиуми.
Девојчето кое се вика сега е сместено во центар за згрижување во Грција и се бараат вистинските родители додека МаријаХристос Салис и Елефтерија Димопулу се обвинети за киднапирање на дете.
Досега над 5 илјади повици стигнале до центарот од луѓе кои сакаат да ја згрижат или пак се сомневаат дека Марија е нивното дете.
И во ромски камп во Даблин,полицијата вчера пронајде девојче, со ист проблем како во случајот со малата Марија. Претресот овде бил направен по дојава од граѓани кои пријавиле дека во ромското семејство живее дете кое што не личи на своите родители.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: