За 15 години брак букет со бели рози од Мицкоски за сопругата: Рози окрива детали од приватниот живот
Објавено во: Стил 09 Јануари, 2021 19:48
Рози и Христијан Мицкоски прославиле пред Нова година 15 години од бракот а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на сопругата и подарил голем букет со бели рози. За празнувањата дома и детали од живеењето со него Рози зборува во интервју за весникот Вечер. Таа вели дека Христијан е сосема поинаков дома.
„Со годините и двајцата научивме дека треба да се направи баланс меѓу семејните и работните обврски, а бидејќи неговата моментална функција е многу чувствителна и стресна, се обидува тоа да не го пренесува дома. Секојдневните предизвици ги остава пред врата и се обидува тие да немаат некое влијание врз нас. Се разбира, тоа не секогаш му успева да нè заштити, но се обидува, вели Рози.
Додава дека притисокот е огромен и самата, на почетокот не била свесна дека сето тоа е толку голем притисок. Токму затоа, додава, во нивното семејство не се гледаат вести, а телевизорот се вклучува само за детските програми. Таа не е активна ниту на социјалните мрежи, нема профил ниту на Фејсбук.
Рози Мицкоска веќе 15 години е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.
Извор Вечер
Фото Петр Стојановски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





