20 Декември, 2025
0.0437

За 157 милиони евра Нормак Инвестмент Груп ја доби слободната економска зона Тетово!

Објавено во: Економија 22 Април, 2013 08:53

Добивај вести на Viber

Државата ги задржува правата да дава поволности за инвеститорите кои ќе влезат во зоните, без оглед дали се работи за приватен или државен оператор, каков што е и случајот со ТИРЗ Тетово. За дел од експертите дикутабилно е дали Владата треба да го помага работењето на инвеститорите-концесионери на зоните. За вкупно 157 милиони евра (9.656.285.000 денари) Владата му го довери стопанисувањето со технолошко индустриската развојна зона Тетово на конзорциумот од две државни и три приватни норвешки компании, Нормак Инвестмент Груп. Норвешкиот инвеститор со овие пари обезбеди концесија врз ТИРЗ Тетово во следните 96 години. Според податоците од Бирото за јавни набавки, концесискиот договор меѓу Владата и Нормак Инвестмент Груп е склучен на 05 април годинава. Технолошко-индустриската зона во Тетово ќе се менаџира по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП). Обврска на инвеститорот Нормак Инвестмент Груп е да привлече инвеститори во зоната, а на државата - да ја изгради клучката на автопатот Тетово - Скопје за полесно поврзување на зоната до која сега води регионалниот пат Тетово - Желино. Динамиката на изградба и ставањето во функција на оваа технолошко-индустриска развојна зона ќе зависи од Деловниот план на приватниот инвеститор. Министерот за економија, Ваљон Сараќини очекува дека ефикасното работење на зоната ќе придонесе за развој на целиот Полошки регион, бидејќи покрај инвестициите во инфраструктура, влез на нови технологии, ТИРЗ Тетово треба да овозможи и поголема соработка на деловните субјекти во регионот на Тетово. Слободната економска зона во Тетово е со површина од 94 хектари. Според проекциите, во првата фаза од се планира да се изградат 25 до 30 индустриски објекти, кои би вработиле близу 7.000 работни места. Фабрика за рециклирање на гуми-првата најавена инвестиција во ТИРЗ Тетово Минатата недела од Владата се пофалија дека Европската компанија за рециклирање гуми  „Инова Технологии“ ќе инвестира токму во зоната во Тетово. Договорот за инвестирање веќе го потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија Висар Фида и претставници на “Инова Технологии“, во Гебзе, Турција. Според информациите од Владата, се работи за инвеститори – сопственици на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање гуми од кои се добива течно гориво, челична жица и тонер. За сега нема најави кои други потенцијални инвеститори се заинтересирани да инвестиратт во ТИРЗ Тетово. Иако ТИРЗ Тетово доби концесионер- Владата ќе дава бенефиции за инвеститорите во ТИРЗ Тетово?! Државата ги задржува правата да ги определува поволностите за инвеститорите кои ќе влезат во зоните, без оглед дали се работи за приватен или државен оператор, изјави неодамна за Фактор директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони, Виктор Мизо. “Ние сме еден филтер во име на државата кој одлучува дали, кој и колку ги задоволува условите за влез во една ваква зона, како и тоа кој вид на компании влегуваат во технолошко-индустриските развојни зони. Сепак, тоа се компании со повисока додадена вредност и технолошки процеси. Тука не влегуваат компании од прехрамбената, текстилната или земјоделската индустрија. И во оваа зона условите од гледна точка на бенефиции би биле исти како и во другите ТИРЗ, но во овој модел приватниот партнер ќе одлучува кој ќе ја разработува зоната, ќе ја гради и менаџира... Токму нивниот бизнис план треба да покаже како тие планираат да креираат профит врз основа на внатрешната инфраструктура во зоната“, изјави Мизо за Фактор. За поголем дел од експертите дикутабилно е зошто државата преку низа бенефиции ќе го помага работењето на концесионерите во индустриските - развојни зони во земјава, кои ќе функционираат по примерот на ТИРЗ Тетово, наместо тоа да го прави самиот инвеститор-концесионер. К.П  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба