За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 256 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопштуваат од Министерството за здравство.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.