24 Април, 2024
0.0254

За 3,1 милиони долари продадена ретка монета

Објавено во: Стил 29 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Ретка монета стара 100 години, за која едно време се мислеше дека е лажна, продадена е на аукцијата во Чикаго за 3,1 милион долари. Станува збор за монта од пет центи со главата од Кипoт на слободата, таа е само една од петте кои постојат во светот, од кои две се во музеј, а три во приватни збирки. Монетата е пронајдена во уништен автомобил, чиј сопственик загинал во сообраќајна несреќа во 1962 година. Во автомобилот била пронајдена монетата која подоцна била вратена на неговото семејство, а кога тие ја испратиле во аукциска куќа, од таму им била вратена со објаснување дека е лажна. Овие монети од пет центи со главата од Кипот на слободата се изработени од 1883 до 1912 година, а подоцна биле заменети со монети со слика од бизон. Продадената монета е една од петте монети кои се направени на крајот од 1912 година во Филаделфија. Се верува дека тие се дело на Самуел Браун, еден од работниците во кованицата за пари, кој на нив ставил лажен датум од 1913 година. Рекордот на аукциите му припаѓа на златникот од 20 долари од 1933 година, кој е познат како „Двоглавиот орел“, кој е продаден за осум милиони долари.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган