06 Декември, 2025
0.0341

За 40 отсто зголемен бројот на деца со алергии: Интервју со доктор Баџакова

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2019 08:30

Добивај вести на Viber

Дури 85 деца од 100 кои дошле во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имаат респираторни проблеми. Бројот на млади со вакви потешкотии е во пораст, а клучна причина за тоа е генетски модифицираната исхрана, пестицидите, вели во разговор за „Женски магазин“ професор доктор Гордана Маческа-Баџакова. Таа им советува на родителите да ги шетаат децата често, да внимаваат на нивната исхрана. Баџакова е дел од педијатрискиот тим на „Аџибадем Систина“ и вели дека е добро што во време на раст на овие здравствени проблеми во Македонија има клиника каде што се спроведуваат сите испитувања, има комплетна дијагностика и лекување.

- На нашите пациенти можеме да им понудиме нешто што, за жал, претходно во јавното здравство не можевме да го понудиме. Дефинитивно луѓето доаѓаат и ќе доаѓаат во иднина затоа што сме единствени во одредени нешта. Кога станува збор за педијатрискиот дел, има палета на можности на испитување,на дијагностика  и третман што им се нудат на пациентите. По многу нешта сме иноватори, по многу нешта сме први во Македонија, многу нешта кај нас прво почнуваат и траат. Ако ме прашувате за тимот, станува збор за квалитетни колеги кои практично секој си е индивидуалец кој е изграден професионално, во основа ние сме една  убава група на лекари која одлично соработува, која дефинитивно ги разменува искуствата - објаснува Баџакова. 

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: