06 Декември, 2025
0.0581

За алцхајмер и лоша меморија користете рузмарин

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014 19:40

Добивај вести на Viber

Италијанските научници неодамна дојдоа до интересни резултати во врска со рузмаринот. Тој делува одлично кај луѓето со Aлцхајмерова болест и влијае врз подобрување на меморијата.   Рузмаринот е билка која има долга традиција на користење и ова ги навело италијанските научници подлабоко да истражуваат. Рузмаринот се користел уште од многу одамна во народната медицина, а меѓу луѓето се смета како мелем за мозокот.

Освен екстрактите кои се внесуваат, од рузмаринот се прават и разни екстракти кои се користат при ароматерапија и разни шампони. Според познавачите на народната медицина, овие екстракти ги помагаат периферните нерви и преносот на информациите помеѓу невроните, а според научниците екстрактот од рузмарин делува врз спречување на прогресивното пропаѓање на нервното ткиво при Алцхајмерова болест.   Освен што рузмаринот делува против Алцхајмеровата болест и за подобрување на меморијата, рузмаринот според научниците го подобрува и дишењето, работењето на бубрезите и варењето на храната.  Рузмаринот го подобрува и кардио-васкуларниот систем, протокот на лимфата, а делува и делотворно при зараснување на раните и изгорениците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: