07 Октомври, 2024
0.0278

Треба ли да се зголемат казните: возиме деца без седишта во автомобил

Објавено во: Стил 02 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во пред сезона на летни одмори, ја отвараме темата за безбедност на децата во сообраќајот.  Сведоци сме секојдневно дека ретко кој од родителите ги превезуваат своите деца безбедно во сообраќајот. Дури и возрасните ретко ставаат каиш додека се возат во своите автомобили.  А пак дечињата се мали за ремен и најдобро е истите да се превезуваат во соодветни седишта, до одредена возраст.

Познавачите апелираат родителите да ги сместуваат децата во соодветни детски седишта специјализирани за кола. Да, децата не ги сакаат и многу често од почетокот на возењето до самиот крај на релацијата која ја возите тие најчесто плачаат во истото, но тоа  е најбезбедниот начин на превезување.  Да, ќе плаче, ќе зборува, ќе бара „помош“ детенцето но никако не попуштајте на неговите солзи и барања. Друг безбеден начин на возење низ сообраќајот нема.


Транспортерите се задолжителни во повеќе европски земји од денот на раѓањето на детето, ако немате транспортер немате право да го превезувате новороденчето во сообраќајот. Додека, кај нас најчесто во раце се зема новороденото дете од болница и во раце гушнато се превезува во домот. Тоа не е безбеден начин на превезување, но е честа гледка.  Ортопедите ги препорачуваат овие помошни средства за користење кај деца до достигнати максимални 13 килограми кај бебето.  А додека за дечиња до 36 килограми се препорачува да се стават во детско седиште со кое безбедно ќе можете да уживате во патувањето и со сигурност да се опуштите во возењето. Најчесто седиштата се приспособени и за спиење, и вашето дете ќе може слободно да спие, доколку патувате на подолги релации.

Овие седишта за деца за во автомобил се движат со цени од околу 5000 денари па нагоре, а на попусти можете да ги начекате и за поефтино.


Граѓаните најчесто еднодневни прошетки прават надвор од земјава до соседна Грција или Бугарија,несвесни дека доколку ги застане полициска контрола на улица и забележи дека детето се превезува без соодветно детско седиште ќе ги следува казна и до 300 евра. 

Таа е законска обврска и кај нас, но според официјалната статистика од Министерството за внатрешни работи, од 2015 ггодина или од кога оваа обврска е задолжителна до средината на минатата година изречени се само 39 глоби за овој прекршок низ цела држава. Казната е 35 евра и 15 негативни поени. Во исто време црната статистика на смртност на децата во сообраќајни незгоди е поразителна.


Во прилог на текстов ви пренесуваме и едно видео кое би можело да ве освести ...


Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни