18 Декември, 2025
0.0566

За да го намали буџетскиот дефицит, Хрватска ќе воведува повисок ДДВ и данок на недвижности

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2013 12:09

Добивај вести на Viber

Според објавените податоци на статистичките заводи на ЕУ и Хрватска, во Хрватска дефицитот на консолидираната општа држава во 2012 година изнесувал 2,15 милијарди евра или 5% БДП, додека консолидираниот долг на општата држава изнесувал 24 милијарди евра или 55,5% БДП. Овие податоци покажуваат дека Хрватска наскоро ќе влезе во Процедура на прекумерен дефицит (ЕДП), механизам на ЕУ осмислен да го врати буџетскиот дефицит на членките под 3%, а јавниот долг под 60% БДП, како што налагаат критериумите од Мастрихт. За намалување на буџетскиот дефицит ќе биде неопходно да се зголеми приходната страна на буџетот, затоа што на расходната нема премногу можности, што не значи дека ќе нема понатамошни кратења и мерки за штедење, изјави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ на прес конференција по повод Извештајот за прекумерниот буџетски дефицит и ниво на долг од 2009 до 2012, пренесуваат хрватските медиуми. Приходите можат да пораснат со зголемување на ДДВ и воведување данок на недвижнини, изјави Линиќ, притоа не исклучувајќи ниту една од овие можности. Според министерот, основен проблем е немањето економски раст и тврди дека раст од 3% во потполност би го решил проблемот со прекумерниот буџетски дефицит. Линиќ очекува Владата со Европската комисија да успее да се договори за мерките за намалување на буџетскиот дефицит под граница од 3%. Мерките би биле познати во јануари, по што ќе треба да се спроведат во рок од три месеци.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии