ЗА ДА НЕ ДОБИЕТЕ „СОЛЕНА“ КАЗНА: Кажете од каде доаѓате на граница и самоизолирајте се 14 дена

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 06:59
Доколку сте македонски државјанин и деновиве кога државата се бори да ја одржи контролата со коронавирусот, како совесен граѓанин надлежните ве повикуваат веднаш штом ќе пристигнете на граница да оставите точни податоци од која земја доаѓате без разлика дали е високо или средно ризична земја каде владее Ковид-19.
На ова лично повика и прмиерот Оливер Спасовски кој најави казни за оние кои во земјава ќе пристигнат од Кина, Италија, Шпанија, Германија, Швајцарија и други кои се сметаат во овој момент за ризични или средно ризични земји каде што има голем број заразени со коронавирус.
Спасовски упати порака до сите сериозно да ги следат препораките но и упатствата и кога ќе пристигнат во земјава веднаш да се стават во самоизолација од 14 дена и на тој начин да се заштитат и себе, своите блиски но и сите граѓани.
Во моментов отворени во земјава се 5 гранични премини и на сите нив граѓаните потпишуваат изјава дека ќе се стават во самоизолација, а нивните постапки ќе бидат следени од полициски службеници и доколку се утврди непочитување, тогаш ќе добијат строга санкција.
Можеби ќе ве интересира
ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКАТА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ - антикорупционерите бараат законски измени

Финансиска полиција „го тресе“ поранешното раководство на Прилепска болница

„ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ПОТПИШЕМЕ И ВЕДНАШ ДА ПОЧНЕМЕ СО РАБОТА“: бугарските министри за железничкото поврзување со Македонија
Бугарскиот МНР: Уставните измени не се единствен услов за Македонија

И ДКСК УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ВО ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ: Еве што велат комисијата

ЗАВРШИ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, НО СКОПЈАНИ, НЕ СТРАВУВАЈТЕ - ако надвор е ладно, ќе има топли радијатори се до 30 април

ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ИЗГУБИ ВЧЕРА: По грешка се качило во меѓуградски, наместо во градски автобус, за среќа полицијата го пронајде
