За да тргне светот напред, треба да се врати 30 години назад?
Објавено во: Анализа 28 Мај, 2013
Секоја голема економија на свој начин се справува со кризата што започна пред неколку години. САД решија да одат со добриот стар рецепт, печатење пари, техника што засега се покажува како најдобра за справување со кризата. Сепак, таквата привилегија ретко кој ја има. Не секоја валута е посакувана и може да врти по светот откога ќе ја испечатите, без да ви предизвика поголеми инфлаторни проблеми. Доколку мала економија како нашата реши да печати пари, сите ќе ни останат тука и ќе направат да имаме голема инфлација и на крај ќе се самоуништиме. Германците, од друга страна, знаејќи дека ја носат цела Европа на грб, инсистираат на рационална потрошувачка или подобро кажано штедење, кое нормално има цел да ги воспита разузданите јужњаци, кои кога трошеа беа добри, а сега кога има криза треба да се научат да штедат. И Французите, кои по менталитетот се изгледа далеку од Германците, веќе се залагаат за олабавување на ременот и намалување на притисокот од страна на Германија. Од другата страна на океанот, Јапонија почна трисменски да ја работи печатницата, пресликувајќи го американскиот модел на свежо уфрлена нова валута.
Сепак, целта на сите е една, во некоја точка сите да почнат да трошат, макар до тоа да дојдат преку штедење (како што сакаат Германците). Што би рекло, да го завртат повторно тркалото на порастот. Настрана сите теории, модели, преку кои се бара порастот, во целата приказна потребен е и психолошки додаток. Нешто што ќе ги натера луѓето да трошат. Поради ова ќе го проанализираме периодот во кој САД, а потоа и светот, ја бележат една од најголемите експанзии во историјата на светот. Осумдесеттите години од минатиот век. За жал, на Балканот во тој период се подготвуваше распадот на една држава, која денес можеше да биде економија тешка 300-400 милијарди долари, или, пак, во најмала рака можеа на мирен начин да се создадат шест држави, кои денес ќе беа дел од модерна и развиена Европа и одамна ќе ги имаа добиено привилегиите што денес силно ги посакуваат. Интересно, преку океанот и САД се подготвуваа за војна. И тоа не каква било, туку нуклеарна. Анкетите во почетокот на 80-тите години од минатиот век покажувале дека речиси секој втор Американец сметал дека во наредните 10-20 години ќе дојде до нуклеарен конфликт меѓу СССР и Америка. Таквите ставови, на кои веројатно во голема мера влијаеле и медиумите, предизвикале масовна потрошувачка од невидени размери. Логично, доколку секој втор човек верува дека во неговиот животен век ќе има нуклеарна војна, во која шансата да преживее е веројатно многу мала, подобро е да го живее секој ден како да е последен. Осумдесеттите се години кога заштедата на Американците доаѓа до нула. Претходно успевале да заштедат и до 15% од годишните приходи. Всушност, ова е време кога започнува масовната потрошувачка. Ова е период и кога компаниите сфаќаат дека луѓето се подготвени да купуваат работи што не им требаат, туку само ги посакуваат. Интересно, ваквото откровение прави целосна промена на начинот на кој функционира маркетинг-концептот воопшто. Ќе се сетите дека во оваа декада се појавува култната сапуница „Династија“, во која дотогашните питоми фамилии се заменуваат со Карингтонови, ултрабогато семејство што има сосема различни вредности од тие што луѓето досега ги знаеле. Самата серија остава голем печат во свеста на луѓето и на тоа како ги формираат потрошувачките навики. Фустаните што ги носела Алексис биле едни од најбараните во продавниците, додека нејзиниот лик, иако негативен, инспирирал многу жени што дотогаш биле уплашени да преземат контрола над своите животи. Тоа е серија во која изобилството го имало секаде, а ако го гледате, барем дел, мора и да го имате. Ова е декадата во која на скандалозен начин се појавува Мадона, која најдобро може да ви ја објасни реченицата „Сексот продава“. Мадона е можеби првата ѕвезда кон која се гради култ на личноста, кој нема крајна цел слепа послушност, како во Северна Кореја, туку слепо купување на се што таа рекламира. Оваа жена успеа комплетно да дефинира цела една генерација тинејџери и да им создаде навики што веројатно ги имаат и денес. Во целата приказна не останаа покуси и банките, кои го измислија методот на позајмување благодарение на вашата куќа. Во основа на луѓето им се отвори можност да влечат кредити на база на вредноста на вашата куќа. Во основа куќата е мртов капитал и оваа алатка е суперкорисна, освен ако не се претера, а триесет години видовме како може да се претера со ова задолжување. И згора на се, работите станаа поголеми. Просечните калории на еден оброк значително пораснаа, просечната големина на куќите порасна за 30%, почнаа да се пијат работи за кои никој дотогаш не мислел дека ќе се плаќаат пари, како на пример, амбалажирана вода. Стравот ги натера луѓето да трошат, трошењето ги извади од кризата и потоа им овозможи на претприемачите да иновираат и да го однесат светот со галопирачки чекори напред. Ни требаат ли нови осумдесетти или тие се криви за она што ни се случува денес? Милан Димитриоски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.