За десетина дена ќе има авансна исплата за поплавените
Објавено во: Економија 14 Август, 2016 18:07
Тимови со претставници на повеќе институции на терен ќе ги собираат податоците за трансакциските сметки на погодените во поплавите, објави Телма.
Ова ќе треба да заврши до првата половина на неделата, а потоа податоците ќе бидат испратени до Комисијата за проценка на штети која ќе ја информира Владата и ќе започне со авансната исплата. Процесот со авансната исплата би требало да започне за најдоцна 10-тина дена.
„Комисиите што вршат проценка на штетите на недвижности и движен имот и моторни возила треба да ги завршат увидите во текот на неделата. Оние пак што вршат проценки на штета на сточен фонд и земјоделско земјиште за најмногу 10- 15 дена, заради обемот и методологијата на работата. По увидот на терен се прави проценката на штета. До крај на август би требало да заврши процесот на проценка“ - објаснуваат од Владата.
Во поплавите на 6 август беа зафатени околу 5.000 семејства во скопско, а имаше и 22 жртви.
Луѓето ќе добијат оштета и за земјоделското земјиште кое им беше зафатено од поплавата.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




