За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал, вели Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Февруари, 2021
За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во дневникот на Сител.
„Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник. Што се однесува до остатокот од вакцините од Србија, следната недела ќе ги очекуваме да пристигнат во земјава. Во следните денови ќе се вакцинираат по 300-400 лица на дневно ниво. Исто како и јавните здравствени институции, и приватните центри ќе бидат вклучени во имунизацијата. Фајзеровата вакцина е специфична, но со оваа динамика којашто ја посочив ќе го испочитуваме распоредот. Што се однесува до кинеските вакцини, последните информации говорат дека тие ќе пристигнат во земјава до крајот на месец февруари“, посочи Филипче.
Филипче вели дека до крајот на овој месец би требало да пристигнат 200-те илјади вакцини од кинеската компанија Синофарм.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нови случаи. Во неделата пристигнаа првите дози вакцини од Србија. Процесот на вакцинација почнува утре.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.