22 Ноември, 2024
0.0342

ЗА ДОБРИТЕ ДАНОЧНИЦИ ЌЕ ИМА И ДОБРИ ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА - екстра од 30 до 60 отсто, еве што друго носат измените на Законот за УЈП

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Добра вест за даночните службеници. Покрај платата, ќе можат да земаат и додатоци на плата и тоа во висина од 30 до 60 проценти од главнината на нивната плата, доколку вршат работни задачи со посебна специфична тежина. Ќе можат да добијат и парична награда во висина до една просечна месечна бруто плата исплатена во земјава.

Сето ова е предвидено со предложените измени и дополнувања на Законот за Управата за јавни приходи, кој од неодамна се најде во собраниска процедура, и кој има повеќе цели што треба да се постигнат, но меѓу нив се уредуваат и звањата, како и платите на даночните службеници. 

„Даночните службеници можат да добиваат до 30 отсто од основната плата како додаток на редовната плата во текот на месецот за посебната одговорност која произлегува од работното место кое е од особено значење за ефикасноста на УЈП. Министерот за финансии на предлог на директорот на УЈП, заради прилагодување кон условите на пазарот на трудот може да определи додаток на основната плата со поголем процент, и тоа за специфични работни места за кои се потребни специфични квалификации или специфични вештини, но најмногу до 60 отсто од платата. Специфичните работни места, на предлог на министерот за финансии, ги определува Владата“, се вели во предлог законското решение.

Ова, како што натаму се вели во текстот, мора да биде засновано на анализа која покажува дека платите на пазарот на трудот за таквите работни места се значително повисоки од платите на даночните службеници кои извршуваат исти работи, и вработувањето е отежнато, стапката на напуштање на работните места е неприфатливо висока или пазарот на трудот нуди ограничен број на квалификувна работна сила за таквата работа.

„Вработените може да добијат парични награди најмногу до една просечна месечна бруто-плата исплатена по работник во земјава, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика, за постигнати исклучителни резултати во работењето од областа на оданочувањето. Начинот на наградување на вработените поблиску го пропишува министерот за финансии на предлог на директорот на Управата за јавни приходи во согласност со закон и колективен договор“, се вели во предлог законскиот текст.

Инаку, предлагач на овој закон е Владата, а со него, како што наведуваат оттаму, подетално се опишува делокругот на работата на УЈП, и се поедноставува организациската структура, што, пак, произлегло со цел модернизација на ИТ системите на Управата, како и доделување на нови надлежности, кои бараат динамично организирање на работата на централно ниво.

„Со предложените измени заради зголемена ефикасност и ефективност во даночните постапки се пропишува соодветен додаток на платата на вработените во даночниот орган кои работат на соодветни специфични работни места“, се вели во образложението на Законот.

Исто така, во предлог законскиот текст, во еден став се нагласува дека УЈП ќе може да си оствари и дополнителни средства во своето работење, и тоа 25 проценти од приходите од откриени и наплатени даноци, како и од наплатените камати за ненавремено платени даноци, како и средства наплатени во постапка за присилна наплата за еднократна посебна такса во висина од пет отсто од износот кој треба да биде наплатен во присилната наплата.

Новина во законот е и тоа што Управата за даночни цели ќе собира лични и други потребни податоци од даночните обврзници, носители на платен промет, давателите на услуга брз трансфер на пари, надлежни државни органи, јавни институции, установи, меѓународни организации, странски даночни органи и домашни и странски правни лица - исплатувачи на приходи. Тука се МВР, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот депозитар за хартии од вредност, Централниот регистар, како и Царинската управа.

Се воведува и нова дефиниција за даночните службеници, за кои се нагласува дека се административни службеници кои засновале работен однос во Управата за јавни приходи за вршење на административни работи за кои е надлежна Управата за јавни приходи. Даночните службеници се лица со посебни должности и овластувања, определени со овој и друг закон.

„Даночните службеници кои вршат работи од даночна контрола се даночни инспектори и даночни контролори. Даночните инспектори и даночните контролори се овластени и за контрола над спроведувањето и примената на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, надзор согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, водење постапка на порамнување и поднесување барања за поведување на прекршочна постапка, привремена забрана за вршење на дејност со запечатување на објект, опрема или просторија, и привремено одземање на предмети и документи кои можат во прекршочна или кривична постапка да послужат како доказ. Даночните инспектори се овластени и за спроведување надзор согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри и надзор и контрола согласно Законот за минерални суровини“, се вели во законот.

Даночните службеници кои вршат работи за наплата на неплатен даночен долг и се овластени за спроведување на присилна наплата од целокупниот имот, приходи и побарувања на должникот, се даночни извршители.

Инаку, даночниот извршител, освен овие, ќе има и овластувања да прибира податоци за имотната состојба, сметките и други податоци за должникот за цели на наплата на даночниот долг и да ги утврдува фактите за имотната состојба на должникотсо користење на сите доказни средства согласно Законот за даночна постапка, потоа, при заплена на движни предмети и недвижности на должникот да  врши запечатување или одземање на истите, заради оневозможување на нивна употреба или трошење, да ги легитимира лицата кои учествуваат при спроведување на дејствија за попис и заплена на имот на должникот и други дејствија во постапките за наплата.

Има и промени во називите на одреден функции, па така, покрај, главен инспектор,ќе има и главен самостоен даночен извршител, како и самостоен даночен извршител. Покрај виш инспектор,ќе има и виш даночен извршител, а предвидени се и други функции кои појасно ќе ги дефинираат даночните службеници.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата