20 Декември, 2025
0.0382

За две години пензиите ќе трошат 100 милиони евра повеќе, буџетот се цеди

Објавено во: Економија 10 Септември, 2019 07:50

Добивај вести на Viber

Државата ќе има до 2021 година нови над 11.000 пензионери а ПИОМ ќе исплаќа за пензии вкупна сума која е за шест милијарди денари или за безмалку 100 милиони евра поголема од сумата која за таа намена ќе се издвои годинава. Ова е дел од стратешкиот план на ПИОМ кој се однесува за оваа и за следните две години.

Во планот стои дека едно од стравувањата е дека ќе се зголемува зависноста на ПИОМ од државниот буџет. Познато е дека за да ги исплати пензиите државата секоја година го финансира ПИОМ со сума која сега надминува 500 милиони евра.

Инаку според бројките ако годинава има 324.382 корисници на пензии, до 2021 година ќе бидат 335.835.


Корисници на пензија

Број на корисници

2019 година

324.382 корисници

2020 година

330.051 корисници

2021 година

335.835 корисници


Ако се анализираат сумите планот е од годинишените 56 милијарди денари, во 2021 година да се исплатат над 62 милијарди денари за пензии.

Освен зависоноста од буџетот како една од заканите се смета и иселувањето на работоспосбното население. Инаку според податоци кои ги има Фактор, од буџетот на државата во 2018 година префрлени се вкупно 478 милиони евра и тоа за повеќе намени.

Во меѓувреме речиси секој месец ПИОМ земал позајмици од по 300 милиони денари во просек за исплата на пензиите.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба