19 Мај, 2024
0.0277

За двојните матични броеви од МВР велат дека повеќето се поништени

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Проблемот со двојните матични броеви почнал во 1981 година, најголем дел се поништени, велат од полицијата. 

Министерството за внатрешни работи по денешниот брифинг за медиуми на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, ја информира јавноста дека ваквата појава започнала во 1981 година и дека по откривањето на истото, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви. 

Велат дека оваа постапка веќе подолг период е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени.  Од МВР велат дека изјавата дека во Република Северна Македонија има 20.000 дупли матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги в предвид  евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи.

„Одделот за граѓански работи во делокругот на своите надлежности има законска обврска да определува и поништува матичен број на граѓаните на Република Северна Македонија според Законот за матичен број ( ,,Службен весник на РСМ број 137/2013 и 55/2016,,). Матичен број на граѓанин според постоечкиот закон се определува според местото на запишување на граѓанинот во матичната книга на родени во Република Северна Македонија. Според Законот за единствен матичен број на граѓаните од 1980 година,  кога за прв пат е уредено определувањето на  матичниот број, и  евидентирањето на матичниот број во РСМ се определувал според живеалиштето на граѓаните, а само за новородените деца според местото на раѓање, во Република Северна Македонија биле утврдени девет регистрациони подрачја. Определувањето и запишувањето на матичниот број започнало на 01.01.1981 година и требало да заврши на 31.12.1985 година. Во овој временски период направени се грешки при определувањето и запишувањето на матичните броеви   што довело до определување на дупли матични броеви за едно исто лице. Покрај ова дупли матични броеви се определувале и подоцна  како резултат на нецелосни проверки од страна на вработените во управните служби, погрешни податоци добиени од УВМК како и технички пропусти на постоечкиот Систем за автоматска обработка на податоците.
Заради целосно и навремено ажурирање на матичните броеви, Одделот за граѓански работи, Секторот за управно надзорни работи, Одделението за државјанство, граѓански состојби и матичен  број се вклучи во овој процес во делот на утврдувањето на дуплите матични броеви, изготвува списоци со податоци и  ги доставува до ОУР Скопје за понатамошна постапка за проверка во матичната евиденција и нивно поништување. Досега се обработени дупли матични броеви за тековни години од 1954 до 2019 година. Од 1930 година до 1954 година постапката за проверка на овие матични броеви е во тек и во овој  период од направена анализа има помал број на вакви матични броеви.
Само за илустрација во ОУР Скопје од 660 дупли матични броеви, поништени се 580,  а за 80 постапката е во тек и се однесуваат за евиденција од матичните книги од месните канцеларии на УВМК Скопје и 213 матични броеви кои се за матична книга на родените за Скопје“, соопшти МВР. 

Со скандалот Мафија 2 се открива како на едно исто лице му се издадени два матични броеви каде што според проверките во избирачкиот список истото лице е регистрирано еднаш со вистинското име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано на друго лице во друга општина, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична