За еден месец девизните резерви се намалија за 80 милиони евра
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
На крајот на мај 2020 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3, 079 милијарди евра и во однос на претходниот месец се намалени за 80,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Ако се анализира во структурата има намалување во сите ставки. Имено, заклучно со април девизните резерви изнесуваат 3,160 милијарди евра. Вредноста на монетарното злато во резервите на крај на мај изнесува 343 милиони евра, а претходниот месец била 352 милиони евра.
Девизните резервни средства се намалени од 2, 807 милијарди евра во април на 2,734 милијарди евра во мај. Од нив значајно е намалувањето кај ставката валути и депозити односно ако во април изнесувале 454 милиони евра, на крај на мај се 320 милиони евра. Оваа ставка е и најголем показател за акризата. Сепак оваа ставка наскоро треба да биде зголемена затоа што откако ќе легнат парите од позајмената еврообврзница тие ќе се впишат токму таму.
Сепак и покрај намалувањето, девизните резерви се во сигурна зона и се доста високи. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (78,4%), по што следува монетарното злато (11,2%) и валутите и депозитите (10,4%).
Девзини резерви
2019 - 3,263 милијарди евра
2018 - 2,867 милијарди евра
2017 - 2,336 милијарди евра
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.