16 Мај, 2024
0.0394

За еден месец голем раст на бројот на невработени во Прилеп

Објавено во: Економија 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во Прилеп во текот на месец јуни се пријавиле дури 413 баратели на работа во подружницата на Агенцијата за вработување, покажуваат податоците за невработени лица според време на чекање на вработување до крај на јуни.

Тоа е голема бројка во на големината на градот и на бројот на вкупно пријавени невработени лица кои активно бараат работа. Во Прилеп и околината во моментов работа бараат 6.764 лица, а општината има од 75.000 до 80.000 жители.

Станува збор за најголема бројка на новопријавени, покрај Скопје и околината, каде што „под Биро“ отишле 1.314 изминатиот месец. Во Битола, кој е нешто поголем град по жителство од Прилеп и втор по големина во Македонија, се пријавиле 272. Од другите поголеми градови, Куманово, кој е горе-долу иста големина со градот под Марковите Кули, има 390 пријавени, но и поголема стапка на невработеност од вкупно 9.500 баратели. Тетово има 364 заведени, но и голема невработеност од вкупно  11.656 регистрирани.

- Бројката можеби е дури и нереална и според мене станува збор за околу 15.000 илјади вкупно невработени од Прилеп и околните населени места. Платите се мали и младите сакаат да најдат подобри работни места со подобри работни услови и затоа се пријавуваат во таков број. Никој не сака да работи за малку пари и логиката им вели дека е подобро да седат дома. Имаат можности за брзо вработување во  угоститество, градежништво и земјоделство, но се срамат од тоа да го работат. Дури и тие што работат во моментов, меѓу нив има голем број незадоволни и прашање на време е кога ќе си отидат.  Има и многу што вадат бугарски пасоши и размислуваат за странство, бидејќи нема раздвижување, инвестиции што можат да направат разлика - вели Гоце Бошевски, прилепчанец  кој заминал од својот град за да работи и живее со своето семејство во Скопје.

Од инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони поголем капацитет има единствено „Гентерм“ кој е втор најголем работодавач во сите сободни економски зони со 1.526 вработени. Во „прилепската“ зона се уште Акомпласт и WIK со скромни со само 21, односно 13 работници. Покрај традиционално успешните домашни компании, во Прилеп 1 и Алинци има уште дузина објекти на домашни инвеститори. Автопатот Велес- Прилеп - Битола - Меџитлија со четири ленти останува засега е само капитален проект од кој се очекува значително да ја подигне конкурентноста на компаниите и да ја зголеми атрактивноста за вложување во зоната во овој регион.

Пелагонискиот регион, според Заводот за статистика, во 2016-та имал 19.0 стапка на невработеност и најмалку по источниот и југоисточниот, односно многу подобра ситуација од регионите како југозападниот (33%) и североисточниот (42,2%).

Просечната исплатена бруто-плата во 2016-та била 31.524 денари и, од вкупно осумте региони, помала била само од онаа во скопскиот.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА