14 Мај, 2024
0.0273

За една утакмица, ќе добиев!

Објавено во: Колумни 27 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Каде е? Го барам веќе половина час?!.,, Да му се сневиди,,.. Нервоза и пцовки,ваква сцена видов неодамна кај еден мој пријател каде татко му, замерува на неговата мајка која најверојатно, фрлила нешто многу важно. Во прв момент не ми беше јасно што точно бара, мислев дека станува збор за некој важен документ (здравствена книшка, лична карта, нешто слично) за кратко време да заклучам дека станува збор за бесплатниот билтен од неговата омилена обложувалница. Во лошо расположение, мажот требаше да “дрмне” една ракија за малку да се смири, повторно да подели некоја пцовка, за на крај да излезе од дома и повторно отиде во обложувалница. За таму да испие едно пиво, да се опушти од доживеаниот стрес, и да се подружи со присутните во обложувалницата. Верувам дека се чести ваквите случки! Ако не вакви, барем секој од нас присуствувал на муабети од типот кец во нула, двојка..1 Х 2, 2+, 3+, вкупно голови, двата тима даваат голови..и безброј други комбинации за обложување. Спортските обложувалници се едно од омиленото место за забава на македонците! Место да се побегне од секојдневието, да се излезе од дома, да се потроши некој денар, и ретко кога нешто да се добие. Еднаш ќе добиеш, десет пати ќе изгубиш. Црвот те јаде од внатре, и секогаш си викаш е следниот пат ќе добијам, и дури се замислува што се може да се направи со тие пари. Но за жал коцкарите ретко кога нешто добиваат, а губат се! Длабоко во себе знаат дека грешат, но обземени од страста за ризик, уживаат во мислата да добијат само уште еднаш. На крајот го губат својот живот, најблиските, правејќи штета на сите околу себе. Спортското обложување за повеќето луѓе е многу блага форма на коцкање, без некои подлабоки штети, ако не се земе во предвид времето кое е изгубено (опортунитетниот трошок, термин добро познат на економистите). Но постојат и поединци за кои спортските обложувалници се како Њујоршка берза. Ризикуваат многу големи износи, цело време дослушуваат најави за резултати и постојано се во некоја конспиративна состојба. А тоа е дефинитивно порок. Кој тешко може да се исчисти од душата. Како што се намалува стандардот на граѓаните, се зголемува бројот на спортски обложувалници, игри на среќа, популистичка забава, каде се создава впечаток дека некој нешто наградува, а во суштина сите губиме. Еее, за само еден натпревар изгубив!..ајде ваљда следниот пат ќе имам поголема среќа, ..трета среќа..и така влегуваат во еден лавиринт, од кој нема излезе, а притоа не се свесни за тоа. Ќе изгубат, ќе си ги соберат парталите си одам дома, и следниот ден, или недела пак исто.. Не се малку македонците кои се будат со мислата кои натпревари да ги одберат, која комбинација да ја направат, 20, 50 или 100 денари, или 10.000 да вложат! За повеќето од нив тоа станува и опсесивност. Немаат друга работа, не сакаат да работат било што, а и можноста за брза и лесна заработка, каде се е легално, им се гледа доста примамлива. Но дали така се создава сопствената иднина, дали е тоа корисна работа со која се создава некаква вредност, во свој и интерес на семејство. Тоа да се случува ретко, и може да се прифати како хоби, забава, но кога е секојдневие, тоа е опсесивност, а тие луѓе се претвораат во коцкари. За жал повеќето од нив се луѓе кои не го сакаат спортот, кои не оделе никогаш или ретко на спортски натпревари, а обложувањето за нив е животен стил, приоритет, алтернатива. Денес секој може да прави што сака. Неговиот избор треба да се почитува. И ако некоја активност навистина ги опушта, нема потреба да бидат ограничени, ниту пак осудени. Но негативна е тенденцијата која покажува дека е голем бројот на луѓе кои имаат заедничка релаксација (а нели сите сме различни!), каде тоа е секојдневие, и фактот дека за некој тоа е бизнис. И тоа не е прашање на моралот, туку на потребата од квалитетен и исполнет живот. Но, лично не се согласувам со овој избор, бидејќи како што и напишал Достоевски , во својот добро познат роман “Коцкар”-Занесен од страста за коцкање коцкарот никогаш не го виде животот со вистински очи. Секое хазардерство завршува лошо, не носи просперитет, и на долг рок од него осиромашува најголемиот дел од населението. Тоа е феномен кој остава лоша слика за нашите деца, кои земајќи пример од своите родители и самите се почесто стануваат дел од тоа. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка