ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: На 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 за самоизолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Во изминатото деноноќие (23/24.05.2020) на територијата на државата на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од полицијата.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. На ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Во однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци.
Македонија е во карантин за празникот. и тој ќе заврши во вторник во 5 часот наутро.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.