26 Април, 2024
0.0252

За Франција нема криза: Плата земаат и Министри кои „не служат за ништо“!

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Францускиот премиер Жан-Марк Еро одлучил да ги покани на вечера министрите кои како што пишува францускиот неделник Маријан-не служеле за ништо.

Како што пренесоа денеска француските медиуми, станува збор за неколку министри и државни секретари, кои доаѓаат од областите каде што многу малку се работи. Неделникот Маријан ги наведе сите поканети министри на вечерата: Силвиа Пине (Занаетчиство), Гијом Гаро (Прехранбена индустрија), Франсоа Лами (Градови), Кадер Ариф (Воени ветерани), Мишел Делоне (Стари лица), Жор-По Ланжеван (Образовен успех), Тјери Репентан (Професионална обука), Елен Конвеј (Французи во странство) и Самина Бенгиги (Франкофонија). Франција во моментов се соочува со серозни проблеми главно последица на должничката криза во Европа. За да врати дел од парите назад во државната каса, Владата донесе закон со кој сите примања над 1 милион долари ќе се оданошуваат до 75% данок на добивка.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти