19 Декември, 2025
0.1843

ЗА „ИНАЕТ“ НА ЕУ: Унгарија отвора пат за Јужен тек!

Објавено во: Свет 04 Ноември, 2014 19:52

Добивај вести на Viber

Унгарскиот Парламент синоќа усвои закон со кој се овозможува да започне изградбата на гасоводот Јужен тек на унгарска територија, и покрај острото спротивставување на Европската унија за овој проект. Со измени во постоечкото законско решение, унгарските пратеници им овозможија на компаниите да учествуваат во изградбата на важниот енергетски проект, дури и ако немаат лиценци потребни за да управуваат со него. „Тоа е направено како своевиден поттик за Јужен тек и да и се покаже на Русија дека Унгарија исто така го сфаќа сериозно овој проект“, вели унгарскиот експерт за енергетика Атила Холода. Според шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Јанош Лазар, Јужен тек е од големо значење за Унгарија затоа што овозможува поголема енергетска безбедност и независност на оваа земја. Унгарија сака да започне да го гради гасоводот во рок од шест месеци. Гасоводот Јужен тек, долг 2.446 километри, треба да пренесува руски гас кон Европа под Црното Море и да претставува алтернатива за гасоводите што во моментов одат преку Украина. Но, ЕУ ја блокираше работата на проектот откако воведе економски санкции кон Русија заради нејзината политика кон Киев, а Брисел и Вашингтон заеднички извршија притисок врз Бугарија да ги прекине работите на изградба на гасоводот на своја територија. Унгарскиот премиер Орбан, пак, важи за еден од најострите критичари на европските санкции кон Москва.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја