05 Декември, 2025
0.0287

За измама на студентите, тужба од 40 милиони долари против Доналд Трамп

Објавено во: Стил 25 Август, 2013 13:30

Добивај вести на Viber

Обвинителот на државата Њујорк поднел тужба против милијардерот и градежен претприемач Доналд Трамп. Побарувањата се во износ од 40 милиони долари, а тужбата е поради измама, односно поради бескрупулозните активност на т.н. „Универзитет на Трамп", соопштуваат локалните медиуми. Во рекламата за овој универзитет им се ветува на студентите дека ќе станат богати. Наместо тоа, тие биле должни да присуствува на скапи и бескорисни семинари. Освен тоа не се спровело и ветувањето за стажирање во престижни компании. Обвинителот на Њујорк, Ерик Шнајдерман тврди дека и на учениците не било дозволено да се сретнат со Трамп, иако им било ветено пред да дојдат во кампусот.Затао, пишуваат американските медиуми, постои основа за обвинение за измама и за кршење на федералниот закон за правата на корисниците. Адвокат на милијардерот изјави за весникот New York Times дека активностите на обвинителот се еднакви на уцена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: