За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2025 12:09
Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка.
Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме дека сме заедно, дека подадената рака може да донесе надеж и дека никој не треба да се чувствува сам во оваа несреќа.
„Со длабока емпатија и желба да дадеме конкретна помош, МТЕЛ донира 3.000.000 денари на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ. Ова е само дел од нашата заложба да помогнеме во овие тешки моменти, но знаеме дека помошта не треба да запре тука. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да дадеме надеж, да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.“ - изјавуваат од МТЕЛ Македонија и додаваат дека во овие тешки мигови, МТЕЛ е со Кочани.
Затоа Ве повикуваме сите – да бидеме заедно во солидарноста. Секој од нашите корисници од денес може да помогне со едноставен повик на 143400 или со директна донација на сметката:
Фонд
на солидарноста на Црвениот крст на РСМ
Сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка
Назнака: „Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“
Mожеби не можеме да ја избришеме болката, но можеме да бидеме потсетник дека никој не е сам во најтешките моменти.
МТЕЛ за Кочани. За луѓето. За хуманоста.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство




