За кои професии има работа во Македонија
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 17:45
врз основа на огласените слободни работни места од страна на работодавачите, како и добиените резултати од спроведеното анкетно истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба за вработување на лица од следните занимања со завршено високо (програми до и постдипломско универзитетско образование): Програмер, информатичар, економист (за финансии, за осигурување, за банкарство, за менаџмент), правник , сметководител, систем адманистратор, развивач на софтвер, инженер на софтвер, графички дизајнер, инженер за организацја на производство, градежен инженер, машински инженер, електроинженер, архитект, фармацевтски технолог, инженер-технолог за фармацевтски производи, машински технолог за одржување на процесна опрема, маркетинг агент, агроном за полјоделство.
Покрај дипломата за завршено високо образование, работодавците бараат и други вештини кои мора да ги поседува потенцијалнипот кандидат за вработување. Од Агенцијата за вработување на Македонија информираат дека посебно за пополнување на работните места со високо образование, работодавачите најмногу ја нагласуваат потребата од познавањето на странски јазици, (англиски, германски, италијански), познавање на основни компјутерски апликации (MS Office, Auto Cad),како и стекнати напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија (Server administrator, CISCO, Java programmer, Oracle).
Притоа ја нагласуваат потребата од задолжително поседување на сертификати за стекнатите знаења. Меѓу другите вештини се нагласува и потребата од поседување на вештини како што се комуникациски вештини, тимска работа, флексибилност, организациски спосбности, презентациски спосбности, лидерски способности, способност за донесување на одлуки, професионалност и одговорност и други вештини - велат од АВРМ.
(Ивор: Факултети.мк)
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




