19 Декември, 2025
0.0445

ЗА КОИ ВАКЦИНИ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА: Некои од целосно вакцинираните ќе бидат приоритет и за третата доза

Објавено во: Свет 12 Јули, 2021 14:15

Добивај вести на Viber

Уште не е познато кој ќе биде приоритет за примањето трета доза од вакцините против корона вирусот, но, како што денеска пишуваат српските медиуми, судејќи според светското искуство, тоа ќе бидат луѓе кај кои две дози не произвеле доволно ниво на антитела, оние кои имаат трансплантирано орган или страдаат од медицинска состојба што предизвикува пад на имунитетот. Во соседна Србија, аплицирањето на третата доза е најавено за од 1.август.

Инаку, Израел вчера објави дека ќе започне да им нуди на возрасните со слаб имунолошки систем дополнителна доза на вакцината Фајзер. Израелскиот министер за здравство Никан Хоровиц изјави дека веднаш стапува на сила одлуката според која возрасните чиј имунолошки систем е загрозен и кои примиле две дози вакцина „Фајзер“ ќе можат да добијат дополнителна доза на вакцината и се чека одлука за поширока дистрибуција, објави Ројтерс.

ЗА КОИ ВАКЦИНИ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА

СИНОФАРМ - Иако кинеската компанија „Синофарм“ сè уште не ја објави третата доза од својата вакцина, Обединетите Арапски Емирати, кои се наоѓаат во врвот на светот според имунизацијата, веќе објавија дека ќе започнат да нудат дополнителна доза на луѓе кои примиле Синофарм шест месеци по втората доза.

ФАЈЗЕР - Компанијата „Фајзер“ најави дека ќе побара одобрение од американските власти да ја одобрат и третата доза 12 месеци по втората доза, наведувајќи дека вакцинацијата против корона вирусот ќе биде поефикасна и дека бројот на антитела ќе се зголеми за пет до десет пати по третата доза.

АСТРАЗЕНЕКА - Истражувачите од Оксфорд во јуни објавија дека третата доза на вакцината „АстраЗенека“ создава ниво на антитела повисоко од оној забележан еден месец по приемот на втората доза, но целосните резултати од истражувањето сè уште не се објавени.

СПУТНИК - Кога станува збор за руската вакцина „Спутник V“, засега нема најави дали ќе биде потребна трета доза за оваа вакцина.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела