21 Јануари, 2025
0.0279

За Лукаревска легитимна е промената на статусот на вработените во УЈП и повисоките плати

Објавено во: Економија 05 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Законски е процесот на префрлање на државните службеници во даночни службеници, тврди Сања Лукаревска, поранешната директорка на УЈП, според која одлуката била донесена во согласност со Законот за управата за јавни приходи.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поднесе иницијатива до Основното јавно обвинителство за кривично гонење против Лукаревска за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Претходно новата директорка на УЈП, Елена Петрова, рече дека Лукаревска постапила незаконски со тоа што донела одлука со која на 129 вработени во февруари годинава за време на изборен процес им биле раскинати старите договори, а потоа склучиле нови за повисоки плати. Како што рече, Државниот инспекторат за труд констатирал „незаконитости на колективната одлука за прекинување на старите договори“, со што се создал „хаос“ во УЈП, a на вработените им е наредено да ги вратат парите од покачувањето на платите.

„Со тоа што ги префрливме државните во даночни службеници, решивме еден голем проблем. Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, тогаш можеа да нè тужат, дури можев и кривично да одговарам како работодавач дека не постапувам согласно Законот за УЈП“, вели Лукаревска.

Процесот на префрлање бил регулиран со одлука донесена на 12 февруари, потпишана од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација. Одлуката предвидувала новите договори за вработување на службениците да бидат поделени во рок од еден месец. Лукаревска нагласи дека целиот процес бил спроведен со целосна почит кон правата на вработените и дека ниту едно работничко право не било скратено.


Можеби ќе ве интересира

Николоски: Цената на становите во Битола ќе биде 1.000 евра квадрат

Николоски: Цената на становите во Битола ќе биде 1.000 евра квадрат

ПЛАТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА НАЈМАЛКУ 20 ПРОЦЕНТИ: Трендафилов од ССМ вели трговците се алчни

ПЛАТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА НАЈМАЛКУ 20 ПРОЦЕНТИ: Трендафилов од ССМ вели трговците се алчни

АМАЗОН ЈА НАПРАВИ НАЈГОЛЕМАТА НАРАЧКА ОД МЕРЦЕДЕС: Купува електрични камиони кои ќе возат низ Европа

АМАЗОН ЈА НАПРАВИ НАЈГОЛЕМАТА НАРАЧКА ОД МЕРЦЕДЕС: Купува електрични камиони кои ќе возат низ Европа

ОВА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСАКЦИИ ВО ЕВРОПА ГОДИНАВА: За кој бизнис станува збор?

ОВА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСАКЦИИ ВО ЕВРОПА ГОДИНАВА: За кој бизнис станува збор?

Која македонска телевизија е еден од најголемите донатори во спортот? На фудбалски клуб му подари 923.000 евра!

Која македонска телевизија е еден од најголемите донатори во спортот? На фудбалски клуб му подари 923.000 евра!

БЛАГ ПОРАСТ НА КОМПАНИИ КОИ ОДРЖУВААТ ЗГРАДИ – регулаторите очекуваат годинава да се доекипираат

БЛАГ ПОРАСТ НА КОМПАНИИ КОИ ОДРЖУВААТ ЗГРАДИ – регулаторите очекуваат годинава да се доекипираат

РОБОТ И ЧОВЕК: Кој на кого повеќе личи?

РОБОТ И ЧОВЕК: Кој на кого повеќе личи?

СИТЕ САКААТ ДА МУ БИДАТ ПРИЈАТЕЛИ: Парада од милијардери покрај Трамп, еве кој се беше околу него

СИТЕ САКААТ ДА МУ БИДАТ ПРИЈАТЕЛИ: Парада од милијардери покрај Трамп, еве кој се беше околу него

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо