29 Април, 2024
0.0268

За македонцките синдикални лидери: Шчо напраифте од 1 – мај и од работниците?

Објавено во: Економија 02 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Работничка апатија, синдикална (не)зависност, неспособност да се организираат – вака домашната експертскат јавност гледа после денешниот првомајски Ден на трудот. Додека светот и Европа се тресеше и грмеше од синдикални протести, кај нас синдикатот само заспано, со бледи изјави го прослави 1-ви мај. Единствената светла точка беа движењето „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“.   „Ленка“ и „Солидарност“ ги будат заспаните работници Движењето за социјална правда „Ленка“ и левичарското движење „Солидарност“ засега се единствените кои се обидуваат да ја разбудат совеста на македонскиот работник, да се побуни, да го крене својот глас за заштита на своите работнички права, па макар тоа било и симболично. Тие вчера беа единствените кои организираа протестен марш, симболично колку да потсетат дека е 1-ви мај, Денот на трудот. За Артан Садику од левичарското движење „Солидарност“, целта на протестот бил за да се врати традицијата со која работниците на 1-ви мај симболично, но доста силно го креваат нивниот глас, против светските тенденции кои се регистрирани и кај нас, а се однесуваат  на скратување на работничките права. „Има неколку актери кои успеаа да ја избришат оваа традиција. Еден од најповиканите е ССМ кој вчера на тажна и бледа прес конфренција го обзнанија нивното предавство кон работниците. Најбројниот синдикат - ССМ е окупиран од сегашната бирократска елита, која се фали и тврди дека е задоволен од работничките права, од друга страна вчера во Франција, Италија, Шпанија, Русија, Турција, Грција, Хрватска се одржуваа протести против кратењето на работничките права. Прашувам дали, претседателот на ССМ Живко Митревски тврди дека работничките права се поголеми во Македонија отколку во Европа. Тој константно изјавува дека ССМ нема да протестира, со што успешно ја тргна методата на протест, борба за работничките права со што свесно ја намали силата на преговарачката позиција со Владата“, изјави Артан Садику. Во Македонија состојбата со работничките права е катастрофална Здравко Савески, универзитетски професор тврди дека состојбата со работничките права во Македонија е многу лоша, така што законот за работни односи веќе престанал да биде закон за работнички права, туку закон за права на работодавците. Според него покоректно би било законот да се прекрсти во закон за работодавците. „За жал во Македонија премалку се дискутира за состојбата со работничките права, иако го засега секој човек. Во јавноста најчесто се дискутира за теми од висока политика, а не за нешто што ги интересира граѓаните, за тоа нема дебата. На пример недостасува дебата кога ќе има измена од трудово - правните односи и токму затоа нашите работници немаат права. Мене, проблематична ми е изјавата на претседателот на ССМ, Живко Митревски кој тврди дека се подобруваат правата на работниците, бидеќи токму во текот на неговиот мандат има случаи на намалување на работничките права. Еве на пример,  ако работодавецот се обиде да направи недозолив надзор над синдикатот, тоа е прекршчно дело и се казнува, а казната во 2010 година од 15 илјади евра е намалена на 500 евра. Ова ги слабее синдикатите на терен, а претседателот на најмоќниот синдикат Митревски не ја споменува оваа тема“, потенцираше Савески. Истрауматизирани граѓани Фактор неодамна пишуваше за замирањето на протестот како форма на изразување на револт. За домашната експертска јавност кај граѓаните владее апатија, несигурност и неспособност да се организираат за подобро утре. Во земјава според нив владее егоизам, страв, несигурност. „Граѓаните на Македонија се соочуваат со настани кои длабоко ги унесреќија и ги трауматизираа. Тие настани кај македонски граѓани предизвикаа несигурност и неизвесност, синдром на недоверба, како и дезориентација во поглед на културата. Овие симптоми укажуваат дека во нашиот социо-културен контекст нема традиција за активно дејствување на граѓаните во сите сегменти од социјалниот живот“, изјави универзитетскиот професор Марија Дракуловска Чукалевска, од институтот за социологија при УКИМ. Земјава во изминативе неколку години не памети генерални штрајкови кои би го парализирале функционирањето на државата. Најмасовниот во изминатава деценија се случи во 2002 година, тогаш штрајкуваше јавната администрација. Река од луѓе беа собрани пред Владата. Прашањето велат експертите е зрело да се постави и во историски контекст, оти доколку во ваква немаштија и проблематизирана економска клима ги нема синдикатите и работниците, тогаш  единственото логично прашање  е: Шчо напраифте? Светот и Европа се тресеше од првомајски протести Најмалку 25  повредени лица, меѓу кои 22 полицајци и тројца цивили, како и 72 уапсени е епилогот од вчерашниот обид за првомајски протести во Истанбул. Властите одбија да дадат дозвола за организирање на традиционалниот собир на плоштадот Таксим, по што имаше голем судири меѓу илјадници демонстранти и полицијата. Повеќе од 20.000 синдикалци и граѓани се собраа на мирен протест во центарот на Загреб за да го изразат своето незадоволство од Владата. Тие бараат да прекине политиката на штедење, да се отворат нови работни места како и казни поради неисплатени плати. Бродовите и возовите во Грција вчера не сообраќаа, поради 24 часовниот штрајк на вработените. Во Германија, освен неколку помали инциденти, протестите беа мирни. 70 илјади луѓе учествуваат на првомајски демонстрации, во центарот на Москва. Протестираа и работниците во Шпанија, Италија, Кипар и Франција поради проблемите со штедење. И.М

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка