15 Декември, 2025
0.0892

ЗА МАЖИТЕ СЕКОГАШ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РАБОТА И РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА – Зошто жените помалку работат?

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023 07:42

Добивај вести на Viber

Традиционално жените остануваат да бидат помалку вклучени на пазарот на труд во земајва. Податоците говорат дека, за разлика од мажите, жените помалку се вклучени во економските активности. Иако голем дел од нив се активни во домот, односно исполнуват домашни обрврски со деца, повозрасни членови, или други домашни активности, тоа не е опфатено во рботните процеси. Дополнително има и такви кои иако работат, тоа го прават без договори за работа, со што официјално остануваат надвор од пазарот на труд.

Бројките говорат дека во нашата земја дури 55,1 отсто од жените во земјва се кономски неактивни. Од оние кои се ангажираат на пазарот на труд, вработени се 38,3 протцени. Ова го покажуваат податоците од анализата на Државниот завод за статистика насловена „Жените и мажите“ за 2021 година.

- Стапката на вработеност на жените во Северна Македонија во 2021 година изнесуваше 38,3 отсто, односно 55,1 процент од жените се економски неактивни. Споредбено, истата година, стапката на активно учество на мажите на пазарот на труд изнесува 56,2 отсто, додека пак стапката на неактивност е 32,8 проценти. Разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд доведуваат до родов јаз во стапката на вработеност кој во 2021 година изнесува 20,3 отсто – се наведува во анализата на ДЗС.

Економски активното население ја опфаќа работната сила во земјата, односно лицата што се вработени, но и лицата што се невработени, но активно бараат работа. Лицата што се сметаат за економски неактивни, или надвор од работната сила, се лицата што се невработени и не бараат работа и не се на располагање за вработување.

Бројките говорат дека жените и мажите на возраст од 35 до 44 години се најактивни на пазарот на труд, односно најголем дел од овие генерации се вработени.

Мажите се речиси подеднакво застапени на пазарот на трудот во руралниот и урбаниот дел од државата, додека од вкупниот број вработени жени, значително е помал бројот на вработени жени во руралните средини (37 отсто). И во урбаниот и во руралниот дел од државата најголем дел од вработеното население има завршено 4-годишно средно образование, односно 45 проценти од вработените жени и 53 отсто од вработените мажи.

- Во 2021 година најзначајната разлика е забележана во учеството на вработените лица со високо образование – кај вработените. Имено 42 отсто од жени имаат високо образование, а истото важи за 28 проценти од вработените мажи.

Споредбено, во руралните делови, 23 отсто од вработените жени имаат високо образование наспроти 12 проценти од вработените мажи. Од вкупниот број неактивни жени на пазарот на труд најголемиот дел, односно 46 отсто, имаат завршено само основно образование, а од нив 58 проценти живеат во руралните делови на државата – се наведува во анализата на ДЗС.

Најголем дел од неактивните мажи имаат завршено 4-годишно средно образование односно 39 проценти, наспроти 29 отсто од неактивните жени. Жените се генерално помалку застапени и во формалното вработување со 41 процент и во неформалното вработување со 33 отсто.

Од вкупниот број работодавачи во Македонија во 2021 година, само 19 отсто  се жени.

Слично на тоа, 78 проценти од вработените за сопствена сметка се мажи додека 22 отсто се жени. Во 2021 година, најголем број на неплатени семејни работници се жените од руралните средини, со вкупен број од 18.634. Дополнително, 59 проценти од неактивните жени на возраст од 20-64 години се неактивни на пазарот на труд поради извршување на обврски наспроти 2,3 отсто од мажите.

П.О. 

Фото: Freepik

Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година