19 Декември, 2025
0.0414

ЗА МЕКСИКО И ЕУ: Трамп објави царини од 30 отсто

Објавено во: Економија 12 Јули, 2025 17:02

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија(ЕУ). 

Трамп се закани со давачки од 30 проценти на производите од Мексико и Европската Унија во две писма објавени денеска на социјалните мрежи, со што се интензивира глобалната трговска војна што ја поттикна откако ја презеде функцијата во јануари, пишува Си-ен-ен, пренесува МИА.

„Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат со Европската Унија, и покрај тоа што имаме еден од нашите најголеми трговски дефицити со вас. Сепак, решивме да продолжиме напред, но само со поизбалансирана и поправедна трговија“, напиша Трамп во писмото до Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија- кое го објави на Трут Соушл (Truth Social).

ЕУ и Мексико се приклучуваат на растечката листа на земји чиј увоз ќе се соочи со ажурирани давачки на 1 август, откако Трамп почна да објавува писма за царини во понеделникот со стапки до 40 проценти. Во своите писма до ЕУ и Мексико, Трамп изјави дека целиот увоз е предмет на царина од 30 отсто, со исклучок на „секторски царини“, како што е царината за автомобили од 25 проценти.

Фон дер Лајен во изјава рече дека ЕУ останува „подготвена да продолжи да работи кон договор“ до крајниот рок на 1 август.

Производите од Мексико, пак, најчесто можеа да влезат во земјата без царина, под услов да се во согласност со Договорот меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA) што тој го договори во неговиот прв мандат. Во неговото писмо упатено до мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, Трамп го повтори своето образложение од февруари, дека царинските бариери биле наметнати за да се запре протокот на фентанил во САД.

Мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард веднаш одговори на барањето за коментар од Си-Ен-Ен.

Во писмата за царини, кои беа датирани во петокот, Трамп рече дека секоја одмазда на царините наплатени за увозот во САД ќе биде пресретната со отпор од Соединетите Држави. Трамп рече дека „без разлика на бројот за кој ќе одберете да ги зголемите (царините), тоа ќе биде додадено на 30 проценти што ги наплатуваме“.

foto EPA/WILL OLIVER

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии