23 Ноември, 2024
0.0246

За некои успех и пари, за други љубовни проблеми - еве што ве очекува идната недела

Објавено во: Општо 22 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

ВАГА

Посветувањето на работата во моментот е одлична терапија за вашите проблеми. На работното место подобро ќе ја контролирате околината отколку во домот и семејството. Можете да најдете нови извор на заработка. Оние кои се занимаваат со некој бизнис ги очекува успех и напредување.

Ве очекува убаво друштво со колегите од работа. Настаните во семејството и на љубовен план ќе ве потсетат на вашите слаби точки. Нешто ќе ве врати назад. Ќе имате проблеми со некој близок роднина заради вашето агресивно настапување, кон еден член од вашето семејство.

СКОРПИЈА

Енергијата неделава ќе ви биде на многу високо ниво. Нема да имате никакви проблеми на работното место, вообичаените работи се движат во свој тек. Комуникациите ви се живи ќе имате средби и разговори кои треба да бидат вовед во нешто ново. Истовремено сте доста напнати тоа можеби не се одразува на некои настани, но по малку ве дестабилизира. Авантурите и рискантните зафати можат да ви бидат многу штетни.

Бидете внимателни во работите поврзани со државната администрација. На ова поле се е под контрола, а наскоро ќе биде и саканата личност. Ја разбирате неопходноста за задоволување на потребите на емотивен план, па ќе се фокусирате на тоа. При решавање на важни проблеми најпрво треба да тргнете од себе. Очекувајте финансиска добивка. Ќе добиете неочекуван подарок кој пријатно ќе ве изненади.

СТРЕЛЕЦ

Состојбата ви е доста напната. Се повеќе луѓе од околината кај вас предизвикуваат отпор и нетрпеливост. Избегнувајте поголеми друштва и собири, а стеснете го кругот на луѓе со кои работите. Луѓето кои ве опкружуваат не ви се наклонети, а настојуваат да ве оневозможат на било кој начин. Ќе се занимавате со семејни прашања и превирања. Ќе се нервирате поради односите со вашите домашни и нема да можете да им докажете некои основни работи за кои мислите дека не се во право.

Тешко ќе ви оди средувањето на станот или некои други домашни обврски. Ви треба релаксација. Време е да си посветите време лично за себе и да се релаксирате од работата. Не го запоставувајте вашето хоби. Обидете се да го изразите сето она што го чувствувате и по никоја цена не го сокривајте.


ЈАРЕЦ

Потрудете се малку да го намалите животното темпо. Ќе мора да го промените амбициозниот начин на размислување и да бидете пофлексибилни во деловните акции. Пред да тргнете во акција би било добро да ги решите сите заостанати проблеми од порано. Ќе бидете ладнокрвни кога вашите претпоставени нема да имаат разбирање за вашите потреби. Покажете повеќе разбирање кон некоја постара личност од вашата близина.

Емоционалните односи не ви се стабилни, погрижете се повеќе за оваа сфера на животот. Нежноста и љубовта од вашиот партнер ќе ви бидат најпотребни оваа недела, па сторете нешто тоа и да го добиете. Слободните ќе уживаат во авантури. Јарците во брак ќе се трудат да ја одржат стабилноста во односите со партнерот.

ВОДОЛИЈА

На работното место ве очекуваат проблеми. Конфликт кој веќе долго време стои меѓу вас и вашиот претпоставен ќе дојде до својата кулминација. Наспроти тоа ќе добиете пофалби од луѓето кои умеат да го ценат вашето залагање и лојалност.

Карактеристично за неделава е тоа што ви се одлично аспектирани комуникациите, па поради тоа ќе чувствувате и помала напнатост. И понатаму мора да се чувате од расправии, во работите поврзани со пари и понатаму ве следат потешкотии, па би било добро да ги избегнувате сите активности поврзани со поголеми суми.

Ќе бидете мошне задоволни од околината, пријателите и семејството, бидејќи ќе бидат многу љубезни со вас. Повеќе време ќе бидете со вашиот партнер, а тоа многу ќе ви годи. Подгответе се за љубовниот бран кој ќе ве зафати и прифатете ги идеите од вашиот партнер.

РИБИ

Ќе превземете повеќе обврски и со тоа ќе се истакнете во работната средина. Воопшто нема да ви биде тешко да им помогнете на колегите и пријателите, а можно е да работите и прекувремено. Одлично ќе се снаоѓате во ситуациите кои бараат било каков вид на комуникација особено писмена или телефонска. Ако сте индивидуален работник има голема шанса да ја проширите дејноста и да ја модернизирате. Тргнете во сопствени победи наметнувајте се и отворете ја вратата на успехот.

Финансиската состојба ви е добра, а затоа можеби ќе се решите на купување на некои работи. Неделава ќе го запоставувате вашиот партнер. Дозволувате неважни работи да ви го загрозуваат животот. Превземете ја работата во свои раце. Осамените би можеле да најдат нова љубов, но во ново друштво или пак во некоја неочекувана ситуација.



Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.