ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА, СЕЈФ СИТИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАБОТИ: Ќе биде пробно, ама камерите сепак ќе снимаат
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2025 10:09
Од 1 јануари 2026 година системот „Сејф сити“ ќе почне официјално да ги регистрира и санкционира сообраќајните прекршоци низ Македонија. Еден месец претходно, од декември година, ќе се спроведува тест-период на функционирањето на новиот систем за видео надзор.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, летово најави дека проектот најпрво ќе биде активен во Скопје и уште два града, а во текот на 2026 година ќе се прошири на територијата на целата држава.
Камерите ќе бидат поставени на булевари, крстосници и поголеми сообраќајници, и ќе регистрираат поминување на црвено светло и возење со прекумерна брзина — двете најчести причини за сообраќајни несреќи.
Пред системот да профункционира целосно, потребно е да се изменат неколку закони, меѓу кои и Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за заштита на личните податоци, а дел од измените веќе се во постапка.
Вакви системи одамна се користат во поголем дел од европските земји.
Со воведувањето на „Сејф сити“, властите очекуваат значително намалување на бројот на несреќи и подигнување на сообраќајната култура, но останува прашањето – дали дисциплината може да се наметне со камери или мора да дојде од свеста на возачите?
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




