19 Декември, 2025
0.0377

За Николоски и Коридор 8 е важен проект, Бугарија се заканува со пријава за саботажа

Објавено во: Економија 21 Септември, 2024 08:46

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски вчера на собирот на министри од неговиот ресор во Будимпешта порача дека и железничкиот Коридор 8 останува важен проект - исто како и Коридор 10.
„На средбите разговаравме за развој на транспортниот сектор во регионот. Ги претставивме приоритетите на Македонија - изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспортот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан, како и изградбата на Коридор 8“, објави Николоски.

На состанокот со министрите од земјите членки на ЕУ тој најави „силен инвестициски циклус во изградбата и модернизацијата на железничката инфраструктура“.
„Во одвоени средби со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија Јанош Лазар, со заменик претседателката на Владата и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балоку како и претседателот на Заедницата на европски железници Алберто Мацола, информирав дека Македонија ги засилува инвестициите во изградба и модернизација на европските транспортни коридори 8 и 10, поврзувајќи ја оската Исток-Запад, како и брзо поврзување со југ со Атина и на север со земјите од Централна Европа“, порача вицепремиерот од Будимпешта.
Во меѓувреме од Бугарија стигнаа закани дека Македонија ќе биде пријавена во Брисел „за саботажа на изградбата на Коридор 8“. Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов побара Народното собрание на Бугарија да издаде декларација.

Во декларацијата, според бугарскиот пратеник, треба да пишува дека Бугарија мора да ги информира своите партнери во Европската унија (ЕУ) за тоа што се случува од другата страна на границата - дека има саботажа против паневропските политики и една од нив е Коридорот број 8.

„Кога сакате да бидете во заеднички европски дом, мора да ја почитувате политиката на овој заеднички европски дом. Еден од условите е да имате политика на добрососедство. Потпишавме Договор за пријателство и добрососедство со Северна Македонија. што во моментов гледаме дека искрено се прекршува, се разбира, сфаќаме дека тоа е намерна политика за провокации, која во моментов нашата влада ја игра многу добро“, нагласи Костадинов. 



Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите